Локалната самоуправа и понатаму без раководно лице на Секторот за јавни дејности, функција која до неодамна ја вршеше Митре Велјаноски, сега актуелен пратеник во македонското собрание.

Од Локалната самоуправа најавуваат дека наскоро ќе биде распишан оглас за вработување на ново лице кое ќе го пополни ова рабоотно место. Дали тоа ќе биде интерен оглас на кој ќе може да аплицираат вработени во општинската администрација или пак јавен оглас на кој ќе може да се пријави секој кој ќе ги исполнува наведените услови во огласот, не се знае.

За тоа дополонително деновиве ќе треба да одлучат градоначалникот Александар Петрески и секретарот на општината, Димитрија Вревезоски.

Согласно законските прописи, функцијата раководител на Секторот за јавни дејности може да ја извршува лице кое е со завршено високо образование од областа на општествените науки, да има работено две години како државен службеник  и да има минимум пет годишно работно искуство.

За изборот ќе одлучува комисија составена од вработени во Локалната самоуправа, а крајниот збор ќе го има секретарот на општина Охрид, Димитрија Вревезоски во соработка со градоначалникот. 

OhridNews