Кашмирски ловокрадец имал блиска средба со својот плен. По неуспешниот лов мечката го совладала Макан Кан и го втерала во дупката која била наменета за неа.

Макан Кан се обидел да улови азиска мечка во близина на селото Гасо во Кашмир, во регион во кој мечката е загрозен вид. Проблемот почнал кога кога Кан и неговите пријатели ја демнеле мечката а таа се појавила зад нив, по што Кан се обидел да ја застрела. Неговите пријатели побегнале а Кан останал сам со мечката која го втерала во дупката што била ископана за неа. Кан претрпел сериозни повреди, но сепак го преживеал нападот. Откако успеала да го турне во дупката , мечката изгубила интерес за понатамошна борба. Фотографиите ги направил анонимен човек кој сакал да го документира илегалниот лов.


кој на друг дупка му копа…..

Јасмина Т. Момироска