Тандемот на Манчестер Јунатејд, Робин ван Перси и Мајкл Керик заедно со двоецот од лондонскиот Челси, Хуан Мата и Еден Хазард, фудбалерот на Тотенхем, Герет Бејл и Луис Суарез од Ливерпул се фудбалерите од кои ќе се одбере најдобриот во Премиер лигата за оваа сезона.


Бранител на титула најдобар играч е Робин ван Перси, кој минатата сезона брилираше во дресот на Арсенал. Холанѓанецот го промени дресот, но не и навиките, тој продолжи во исти ритам и го носи Јунајтед до јубилејната 20-та титула во најсилната англиска лига.

Најсериозен кандидат на Ван Перси е членот на “петлите“ Герет Бејл, кој сезонава игра во извондредна форма. Керик е една од клучните алки во Јунајтед, но тој заостанува зад двоецот “левичари“ во Премиер лигата.

Мата сезонава одигра на своето ниво, но екипата на Челси нема некои позабалежителни резултати затоа и не се вбројува во кандидатие за престижната награда, а Белгиецот Хазард и вистинско освежување за Премир лигата со инзводрената техника која ја поседува.

Исто како и Мата во Челси, така и “ел пистолеро“ во Ливерпул зад неговото има неверојатни бројки, но Ливерпул уште една сезона потфрли и наредната сезона нема да игра во ниеден европски куп.

Мх.П.