Зеленото катче, кое пред две години на иницијатива на месното население никна во населбата Далјан, е оставено само на себе.
Како што реагираат жителите од улиците „Милчо Гилиќ “ и „Трајче Трајчески“, паркот кој треба да ја разубавува населбата, веќе подолг временски период е обраснат со трева и ја нагрдува сликата во овој дел од градот.
„Зеленото катче кое никна пред две години е оставено само на себе. И покрај апелите, никој не доаѓа да ја покоси тревата која е до колена. Последен пат, беше искосена пред точно 14 месеци.“ – реагираат жителите од населбата Далјан.
Инаку, зеленото катче беше уредено во рамките на третата фаза од акцијата „Да го вратиме сјајот на Далјан“.
OhridNews