Охриѓани летово покрај на вообичаениот сообраќаен метеж и гужвите, се навикнуваат и на огнометите. Некогаш тие беа резервирани за значајни манифестации и настани, а сега речиси да нема собир, конгрес или веселба, а да нема огномет. Ракети фрла кој ќе стигне и каде ќе стигне. Од семинарци до сватови и малолетни деца.

Особено оваа појава е зачестена во населбите Воска и Далјан, каде секоја вечер има и по неколку огномети. Согласно законот огнометот треба уредно да биде пријавен во полиција и може да го прави само овластен пиротехничар. Тоа во Охрид не се почитува и затоа е среќа  што никој не е повреден. Страдаат само нервите на граѓаните.

OhridNews