Никоја екипа како Саутемптон во Премиер лигата не создава или пронаѓа мулти талентирани фудбалери на млади години и ги продава веднаш откако фудбалски ќе созреат.

По завршување на минатата сезона „црвените“ веднаш го официјализираа трансферот на Рики Ламберт кој е постар но вреди да се спомене.
Вистинска бомба одекна од Манчестер Јунајтед кој за 30 милиони евра во своите редови го доведе англискиот репрезентативец Лук Шо.
Кога на овие фудбалери ќе се додаде Герет Бејл кој исто така потекнува од школата на С`тон екипата од „Сент Мери“ ја имаа најпродуктивната фудбалска „машина“ во своите редови.
Мх.П.









