Којчиноски : Обвинувањата од Трајкоски се неосновани
11.12.12 14:39
Вчерашните обвинувања упатени на прес- конференција од страна на претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ- Дебарца, Игор Трајкоски,актуелниот градоначалник Љупчо Којчиноски ги оценува како неосновани, упатени со цел да се манипулира со јавноста.
– Буџетот на општината и програмите за развој на општината не секогаш се реализираат онака како што е планирано. Причината за тоа не е во недомаќинското работење на градоначалникот, туку пред се треба да се бара во игнорантскиот однос на централната власт, чиј носител е ВМРО ДПМНЕ кон општината Дебарца. Ваквото тврдење можеме да го поткрепиме со неколку општопознати факти: во 2011 година од страна на Министерството за финансии не ни беше исплатена месечната рата за месец декември од ДДВ-то, која ни следува по Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа; истото се случи со една рата од наменските дотации за основното образование, постојано доцнат ратите од ДДВ-то за оваа година, постојано се намалуваат средствата на Агенцијата за државните патишта наменети за општинските патишта, како и средствата наменети за регионалниот развој за кои аплицираат општините, се наведува меѓу другото во реакцијата испратена од кабинетот на градоначалнкот Којчиноски.
Оттаму, додаваат дека и покрај ограничените финансиски средства општината токму благодарение на домаќинското и одговорно раководење од страна на градоначалникот во изминатиот период има реализирано повеќе инфраструктурни проекти за која јавноста ќе биде потсетена во Отчетот на градоначалникот за сработеното во изминатиот четиригодишен мандат.
– Што се однесува до споменатите инфраструктурни проекти кои биле ветени, а не биле исполнети, вистината е сосема поинаква. Имено, и тие проекти се реализирани или се во фаза на реализација. Така, проблемот со водоснабдувањето на село Ботун е решен со изградбата на нов крак од Регионалниот водоснабдителен систем, а за новиот доводен цевковод во село Климештани се чека согласност за трасата од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, вели Којчиноски.
Додава дека јавното осветлување во населените места во општината функционира беспрекорно, иако средствата што се собираат по основ на комунална такса за таа намена не се доволни да се покријат трошоците за потрошената електрична енергија. Како потврда за законитото работење на градоначалникот и општината, во реакцијата се наведува дека е извештајот на Државниот завод за ревизија.
На 08112025 во 02 часот, полициски службеници од СВР Охрид во охридското село Велгошти од слобода лишија 39- годишно лице од истото село Лицето претходно било агресивно кон членови на неговото семе...
ОВР Струга поднесе кривична пријава против 26-годишно лице од дебарското село Џепиште, поради постоење основи на сомнение дека ги сторил кривичните дела „грабнување“ и „полов напад и силување“, как...
На првата конститутивна седница на Младинската заедница при ОСУ „Св Климент Охридски“ – Охрид, беа спроведени изборите за ново раководство на ова ученичко тело за учебната 2025/2026 година На избор...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.