Проектот Отворени Забавни Фудбалски Школи Македонија и Пивара АД Скопје,Кока-Кола,оваа година заеднички реализираат проект со заедничка платформа наречен Кока-Кола Куп на кој учество ке земат момчиња и девојчиња од 13 до 16 години од повеќе градови во Македонија.

Проектот вклучува одржување на турнири по градовите и многу забавен фудбал на терените ширум Македонија,а победниците на 9 и 10 Јуни ќе учествуваат на завршното финале на стадионот на Железарница каде ќе учествуваат повеќе од 1500 момчиња и девојчиња.

Како партнери на овој проект се јавуваат Општините и Училиштата,а се е со цел учесниците да стекнат вредности и здрави навики кои ќе ги водат понатаму во животот.

Проектот Отворени Забавни Фудбалски Школи е проект кој опстојува веќе 12 години во повеќе држави и досега има опфатено околу 45 000 деца,општина Охрид на неколку пати била организатор на ОЗФШ,а иницијално е вклучена во Кока-Кола купот,во која учество ќе земат 4 основни училишта и средните училишта во општината.

На 24.5.2012 год.,во 10 часот на Спортско рекреативниот центар,,Билјанини извори,, голем забавен фудбалски спектакл Кока –Кола Куп.

Ohridnews