Ремито со Бурнмаут (3-3) на Виталити стадионот остави големи траги на Арсенал кој се „лизна“ на четвртата позиција на табелата во Премиер лигата.
Во текот на натпреварот Френсис Кокелан се повреди и излезе од теронот, а деталните прегледи покажаа повреда на бутниот мускул. Играчот од средниот ред ќе паузира месец дена.
Највпечатлив потег во ремито беше големото незадоволство кај најдобриот играч на Арсенал, Алексис Санчез. Тој прво го извреѓа Арон Ремси за неподавање на топката, а по завршување на мечот незадоволн ги фрли нараквиците и замина од тревникот.
– Желбата за победа беше голема, а кога не се остварува нормално е да има таква реакција. Без страста фудбалот ќе беше само обична игра. Сите бевме нервозни после мечот иако да не заборавиме имавме негатива 3-0. – изјави Венгер.
Подржувачите на Арсенал после мечот го нападнаа Оливие Жиру кој го бурно го прославуваше третиот погодок, а застанаа на страната на Алексис Санчез за слабата игра против Бурнмаут.
OhridNews