Општинското угостителско туристичко училиште “Ванчо Питошески” од Охрид,на неодамна одржаните  “Балкански гастро натпревaри” во Бургас – Република Бугарија,  се закитија со  5 златни и 3 сребрени медалји, во различни дисциплини. Претпладнево во  училиштето беше организиран коктел на кој се престави екипата- ученици и наставници која зеде учество на натпреварите. Покрај охриѓани, во сениорска категорија, наградата ” најдобри” ја понесе екипата од битолскиот хотел Молика.


успешна презентација во Бургас


Најдобри во сениорска конкуренција – хотел Молика

М.П