Пеејќи „Денеска е коледе, утре е божиќ“, од врата на врата, од рано утринава предвесниците на Христовото раѓање ја најавуваат радосната вест. Во знак на благодарност за убавата вест граѓаните им даваа бонбони, јаболка, ореви, чоколади, лешници, костени, пари.

Бадник или Коледе се нарекува денот пред раѓањето на Исус Христос според христијанската традиција. Секоја година Бадник се паѓа на 6- ти јануари, а Божик на 7- ми јануари.

На Бадник, уште од самото утро во секоја куќа се слуша гласот на децата коледари, кои со коледарските песни за здравје и бериќет го симболизираат гласот на ангелите за раѓањето на Исус Христос.

OhridNews