Женската кошаркарска репрезентација до 20 години вечерва ќе ги стартува натпреварите од Европското првенство б дивизија. Македонија е во групата А, заедно со Шведска, Португалија, Бугарија и Унгарија.


Не очекува доста тежок шампионат , ние сме најмлада екипа од сите екипи на шампионатот, нашата колективна игра ќе биде главниот адут, посебно по повредата и откажувањето на нашиот најдобар играч Јелена Антиќ. Која поради здравствени причини го откажа настапот за македонската репрезентација. Не очекуваат тешки натпревари но ние ќе се обидеме достинствено да се спортиставиме на сите наши противници – вели селекторот Милкова.


Голем удар за селекцијата е откажувањето на Антиќ, која во изминатите два шампионати беше не само најдобрата кошаркарка во македонскиот состав, туку и на шампионатот.

Повредите на жал се составен дел од спортот и таа мора да одмара во овај период. Оптимисти сме нашиот спортски дух е на виско ниво и очекувам  со добра игра да се преставиме во добро светло. Во женската кошарка ништо не се знае – истакна Милкова.


Македонија на отварањето на шампионатот ќе игра против репрезентацијата на Португалија, потоа на 10 јули противник е селекцијата на Бугарија, на 12 ќе спарингуваме со Шведска , додека мечевите во групата ќе завршат со мечот против Унгарија.

Во Б групата играат селекциите на Чешка, Грција, Естонија, Белгија, Австрија и Израел.

фото “МКФ“
М.П.