Со денешните натпревари во Охрид и Пробиштип, започнува вториот круг од мечевите во третата кошаркарска лига. Колибри и Пробаскет ги пречекуваат Феникс и Бест, а само со победи ќе го задржат чекорот со лидерите на табелата.
Водечкиот Карпош Соколи 2000 е апсолутен фаворит на мечот против последнопласираниот Црн Дрим, додека фаворитската улога ја има и Водно Санс Апаве против Т-Баскет. Во последниот меч, Крива Паланка ја пречекува Лирија 77 . Слободен во ова коло е Илинден.
Натпреварот Колибри – Феникс се игра во 12 часот во СРЦ “Атина Бојаџи“
М.П.