По одигрувањето на заостанатите натпревар во Првата женска кошаркарска лига, комплетирана е првата етапа од шампионатот. Првакот Младинец го победи Бадел Кроација со 61-45 , додека Трокал како гостин беше подобар од Пантери со 66-54.


Есенски првак е екипата на Вигор Скопје, додека охриѓанки од четвртото паднаа на шестото место на табелата. Вториот дел од сезоната започнува на 12 февруари, а само првите четири ќе изборат место во разигрувањето за титулата.

Во изминатите четири години, охриѓанки кои настапуваа под името Билјана 006 редовно беа дел од завршницата и делбата на трофеите.

М.П.