Охридските Колибри го победија Гостивар со 75-42 и со победа го потврдија пласманот во Суперлигата.


По првиот рамноправен период (14-15) , охриѓани го превзедоа водството го диктираа темпото и недозволија домаќините да им се приближат. Вториот и третиот период ги добија со (16-9, 22-6) по што прашањето околу конечниот победник беше затворено. Последниот квартал беше реализиран со 22-13.

Комплетната постава се запиша во листата на стрелци,  најефикасен беше Настески 18, Голабоски 10, Шазиман 10, Јакимоски 6, Танаскоски 13, Бојоски 10.

Дополнително ќе биде одреден датумот на стартот на натпреварите во Суперлигата.

Ohridnews