Охридските Колибри со убедливиот триумфот над Лирија од 85-57 го осигруаа второто место во групата и пласманот во Супер лигата каде ќе се натпреваруваат со екипи од Струмица и Скопје.


Дури четворици кошаркари мечот со скопјани го завршија со двоцифрен број на погодоци. Најпрецизен беше Шазиман со 18 поени, 13 уфрли Бојовски, Голабоски постигна 11, а Љушев 10. На поен до двоен учинок со 9 поени останаа Стојаноски и Трајковски.

Во Суперлигата, апсолутен фаворит секако е КК Вардар, наша цел е да бидеме меѓу најдобрите 4 во Македонија во оваа категорија – истакна стратегот на Колибрите, Исмаил Даут.

До крајот на лигата охриѓани ќе се сретнат уште со охридскиот Глобал и гостуваат во Гостивар.

1. КК Вардар 7 7 0 737 345 392 14
2. КК Колибри 8 5 3 500 468 32 13
3. КК Лирија 8 5 3 392 337 55 13
4. КК Црн Дрим 7 3 4 350 366 -16 10
5. КК Гостивар 2009 7 2 5 365 451 -86 9
6. КК Глобал Охрид 7 0 7 253 630 -377 7