Охридскиот кошаркарски клуб Колибри во периодот од 18-23 Август беше гостин на традиционалниот камп на Анадолу Ефес попознат како Ефес Пилсен.


Поканата дојде лично од претседателот и координатор на младинскиот оддел во клубот Мендерес Гумусдал, како благодарност на добрите односи на двата клуба. Од Охрид потекнуваат во моментов нивните двајца најдобри млади играчи, Џеди и Џанер Осман, кои за време на летото тренираа во летна школа на Колибри.

– На овој камп присуствуваа деца од цела Турција, и тоа генерација 99 во рамки на Ефес Клубот,кој има свои школи во сите градови на Турција. За нас беше голема чест и задволство што бевме дел од едно вакво спортско збиднување – вели Весна Балазоски, која заедно со Даут Исмаил и Митрески беше дел од тренерскиот тим на Колибри.


Во овај период Ефес вообичано има свој камп, а 12. “колибри“ имаа можност да бидат дел од организираниот турнир кој се одржуваше во центарот на Игуада. Покрај кошаркарските имаше и забавни елеменит за кои беа задолжени девојките на Ефес, како и официјланата маскота на клубот.

– Нашата екипа на завршниот турнир го освои првото место и нашиот клуб се скраси со златен медал и пехар кој претставува мотив за продолжување понатаму. Екипата  `99 генерација ги украде сите симпатии на тој камп и претставуваше своевидна атракција. Значително бевме пониски во однос на другите екипи, но потковани со техника и тактика – истакна Балазоска.

Челниците на турскиот клуб се заблагодарија на присуството таму, изразиле голема благодарност но и најавиле дека во најскоро време ќе дојдат да го посетат нашиот град и да направат нешто повеќе во помагањето за подигнување на квалитетот на кошарката во Охрид.


Охридскиот тренер Исмаил Даут остварил средби со градоначалникот на Истанбул и Игуада, и тие истакнале голема благодарност и желба да се запознаат со Градоначалникот на Охрид, како и да ги продлабочат односите за подршка на кошарката во Охрид.

М.П.