Охридскиот кошаркарски состав Колибри ја забележа првата победа во новиот шампионат. Охриѓани на домашен терен беа подобри од Кичево победувајќи со 61-45 (15-6,21-12, 13-15, 22-12).


Избраниците на Весна Балазоска уште во првиот период покажаа кој е кој, направија разлика која гостите од Кичево неможеа да ја анулираат.


Комплетната охридска екипа доби шанса на паркетот,а најпрецизен беше Христовски со 16 поени.


Колибри : Ситниковски 3, Лихвинцев 3, Настески 2, Здравески, Грујовски 10, Танески 10, Ристески 2, Бојовски 10, Танаскоски 2, Христовски 16, Митрески 6.

М.П.