Охридските Колибри во натпревар со малку поени ги совладаа Водњански Лисици со 50-43 и ја забележаа третата победа на домашен терен. Тандемот Балазоска (21 п.) и Рајчиноска (18 п.)  ги предводеше охриѓанки до новиот триумф по кој се искачија на третата позиција на табелата.


До третата победа во првенството стигна Струга која се радуваше на триумф на гостувањето кај Пантери.

Резултати : Студент – Бадел к 54-65, Вигор – Младинец 79-50, Клубски – Трокал 68-59, Пантери – Струга 41-49, Колибри – В.Лисици 50-43.

Табела: Вигор Скопје (5-1), Младинец (4-2), Колибри (4-2),  Бадел.К (4-2) Струга (3-3), Клубски (3-3) Пантери (2-3), Трокал (2-3) Вод. Лисици (1-5), Студент (1-5)


Наредно коло: Бадел – Колибри, Трокал – Студент, Младинец – Клубски, Струга – Вигор, В.Лисици – Пантери.

Ohridnews