По двенеделните одложувања поради лошите временски услови кои ја зафатија Македонија, викендов продолжуваат натпреварите од Третата кошаркарска лига.


Охридските “колибри“ во оваа рунда гостуваат кај Пробаскет во Пробиштип, со триумф на ова гостување охриѓани ќе го задржат чекорот со водечките Соколи и Водно на врвот на табелата.

Двојки: Т-Баскет –  К.Соколи 2000, Лирија 77 – Црн Дрим, Кичево – Крива Паланка, Бест – Илинден, Пробаскет – Колибри, Феникс 2010 – Водно Санс Апаве.

Табела: 1 Карпош Соколи 2000 (8 победи, 1 пораз), 2. Водно Санс Апаве (7-2), 3 Илинден (6-3), 4 Т-Баскет (6-3), 5. Колибри (6-3) 6. Пробаскет (5-4) 7. Феникс 2010 (5-4), 8. Лирија 77 (4-5), 9 Бест (3-6), 10. Крива Паланка (2-7), 11. Црн Дрим (2-7), 12 Кичево (0-9)

М.П.