Кошаркарите на Колибри забележаа триумф во “езерското“ дерби против Црн Дрим со 70-63 (21-11, 15-17, 13-12, 22-23,). Со победата над Црн Дрим избраниците на Балазоска се вратија на третата позиција, која носи бараж средба за влез во втората лига.


Охриѓани првата четвртина ја започнаа фуриозно, и ја добија со 21-11, што на крајот се покажа како пресудна за конечниот победник. Колибрите вторите десет минут ги одиграа лежерно во нападот и одбраната, таквата игра на “белите“ со брзи контра напади ја  казнуваа стружани и на полувреме се отиде со осум поени разлика за домаќините.


Третиот квартал им припадна на Колибрите со еден разлика, (13-12) и зголеми на “комотни“ девет поени пред последната четвртина. Решавачките десет минути, беа најефикасни од сите, екипите заедно постигнаа 45 поени (22-23). Стружани решија да им ги замрсат сметките на Колибри за влез во втората лига, но во финишот домаќините беа поприсебни и рутински го финишираа мечот забележувајќи ја деветтата победа во шампионатот.


Во наредната Колибри ги очекува дерби средба против Карпош Соколи додека кошаркарите на Црн Дрим на домашен терен го пречекуваат Бест .

Мх.П.