По извлекувањето на четвртфиналните двојки во Лигата на Шампиони најмногу воздишки предизвика англиско-германската пресметка меѓу Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен. Нивните дуели секогаш носат набој, изненадувања, велемајсторски потези и погодоци кои сеуште се живи во сите фудбалски шпици и незаборавни натпревари.
Еден таков натпревар Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен одиграа на 26 мај 1999 година на Ноу Камп во финалето од Лигата на Шампиони. „Црвените ѓаволи“ на магичен начин со головите на Теди Шерингам и Оле Гунар Солскајер во судиското продолжение ја анулираа предноста на „баварците“ , победија со 2-1 и по втор го искачија Јунајтед на највисокиот фудбалски врв.
Честа да го води овој историски дуел меѓу „ѓаволите“ и „баварците“ ја имаше еден од најмаркатните фудбалски арбитри Пјерлујџи Колина. Тој во неговата книга посвети посебен дел за несекојдневната фудбалска ноќ на Ноу Камп.
– Крајот на натпреварот што никогаш нема да го заборавам, како и навивачите на двете екипи е финалето на Лигата на Шампиони во 1999 година меѓу Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен. Натпреварот се одигра на стадионот Ноу Камп во Барселона пред 90 000 гледачи во фантастична атмосфера. Германците поведоа со голот на Баслер на стартот од натпреварот, а и потоа фудбалерите на Баерн Минхен ја контролираа играта. Напаѓачите на Баерн беа поопасни, дури погодија пречка и статива и го принудија Питер Шмајхел голманот на Манчестер да направи неколку извондредни интервенции – пишува во книгата од Пјерлујџи Колина „Моите правила на игра“ за историскиот натпревар.
Ништо, ама баш ништо не наговестувало таков епилог на крајот од финалниот натпревар во Лигата на Шампиони, но затоа дуелите на Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен се многу повеќе од натпревар, па макар тоа било и финале.
– На трибините германските навивачи помалку на број веќе ја славеа победата мислејќи дека пехарот е на дофат на рацете. Пред официјалниот крај на натпреварот, му покажав на четвртиот судија Фјоренцо Треози дека ќе надоместам три минути. Неколку мигови потоа започнуваат најневеројатните три минути во историјата на фудбалот. По дваесетина секунди долгата топка од левата страна излегува во корнер бидејќи Ефенберг го пресече нападот. При изведување на корнерот во шеснаесетникот на Баерн доаѓа и Шмајхел, кој очајнички се обидува да му помогне на екипата. Топката од шеснаесетикот лошо ја избива фудбалер на Баерн и паѓа на ногата од Гигс, се обидува со шут, што станува асистенција за Шерингам кој ја свртува топката и ја праќа во голот. Неодбранливо за Кан. Дите англичани слават ! Јас се враќам кон центарот размислувајќи „уште ова ни фалеше“, сега кога ќе се случи уште нешто, ќе настане хаос, каква несреќа“. Погодокот беше чист и мечот продолжува и сите се подготвуваат за продолженија, а тогаш по левата страна прифаќа топка Солскајер, го дрибла Куфур, тој не дозволува и исфрлува во корнер. Изведувањето на корнерот му е препуштено на Бекам, а на мојот часовник тогаш беше 47:15 секунди значи уште 45 секунди до крајот. Нафрлената топка оди во срцето од казнетиот простор Шерингам ја удира со глава, а Солскајер од два метра ја сврте во голот. Сигурен сум дека никој од присутните никогаш нема да ја заборави експлозивната реакција на англсиските навивачи, се работеше за неверојатен крик . Потоа, лицата на играчите на Манчестер Јунајтед речиси полудени од среќа, радувајќи и прегрнувајќи се како и оние на германците, зашеметени, со поглед в перен во празно, во неверување дека само за две минута ја испуштија победата од раце. Од натпреварот преостанаа уште десет секунди игра, но фудбалерите на Баерн Минхен лежеа по теренот и мораше да реагирам за да продолжи мечот. Прво отидов кај Ефенберг, а потоа кај Куфур, но сликата беше лоша, сепак играта продолжи. Неколку секунди подоцна следеше последниот свиреж и повторно истите сцени, англичани што слават и трчаат како луди, а германци со солзи во очите, на колена и со лицето закопани в земја – стои во книгата за легендарните три мунити судиско продолжение.
Во завршниот цитат од книгата за натпреварот меѓу англискиот и германскиот гигант Колина има напишано – Кој можеше да помисли дека епилогот ќе биде таков, само неколку минути пред крајот ? Но, тоа е фудбалот, кој може за момент да ја промени радоста во гата и навидум обичниот натпревар, да стане меч на столетието.
Михаил Постоловски