Попладнево на крстосницата помеѓу улиците „Галичица“ и „8-ми септември“ се случи лесна сообраќајна незгода во која за среќа, освен помала материјална штета, нема повредени. Сепак оваа незгода го покренува прашањето околу безбедноста на сообраќајот на овие фреквентни споредни улички, на кои многу често од страна на поедини возачи не се почитуваат сообраќајните знаци, се вози со поголема брзина од пропишаната и не се внимава на предимството на минување.

Дополнителен проблем предизвикуваат бројните неправилно паркирани возила на аглите од улиците кои ја намалуваат прегледноста на возачите и другите учесници во сообраќајот.

Локалните жители апелираат за преземање на мерки од страна на надлежните со цел ваквата состојба да се подобри, час поскоро и поради зголемениот број велосипедисти и возачи на мопеди, по затоплувањето на времето.

OhridNews