Советот на општина Охрид, денеска, ќе ја одржи 56- та седница на која советниците ќе расправаат околу иницијативата на владата за изградба на хотелски комплекс на потегот Љубаништа-Св Наум и изградба на аеродром на вода.

На дневен ред на седницата се уште две точки- предлог одлуката за започнување на постапката за доделување на договор за давање под долготраен закуп на паркинг простори и предлог одлуката за предлагање прогласување на заштитено подрачје Студенчишко блато во категорија-Споменик на природата.

OhridNews