Селекцијата на Велс со пораз (2-0) од Португалија во полуфиналето го заврши дебитантскиот настап на големите фудбалски собири односно учеството на Европското првенство во Франција.


Велшаните со играта и пристапот ги освоија симпатиите на сите неутрални љубители на фудбалот. Герет Бејл, Арон Ремси и дружината испратија порака дека во фудбалот победува оној кој повеќе ја посакува победа.

– Горд на сум на играчите, навивачите и на целата нација која се сплоти за нашиот успех на ЕП. Навивачите никогаш не` не оставија сами на стадионите, а нацијата со поддршка од нашата земја ни даваше дополнителен мотив пред секој натпревар. Оваа наша бајка не заврши туку само започна затоа можам да ви порачам се гледаме на Мундијалот во Русија за две години. – рече селекторот на Велс, Крис Колман.

Квалификациите за Светското првенство во Русија започнуваат во септември оваа година, а Велс во групата се наоѓа со Австрија, Србија, Република Ирска, Молдавија и Грузија.

OhridNews