Топлото време викендов што измина го донесе првиот поголем бран гости оваа туристичка сезона. Дел од нив вчера доцна попладне си заминаа од Охрид. Колони возила од плажите се упатуваа кон излезите од градот. Вообичаено, најголема гужва се создаде на крстосниците и семафорите. Според прогнозите топлото време ќе потрае, па се очекува туристичкиот шпиц да започне порано.


Колони возила го напуштија Охрид

OhridNews