Посебниот режим на сообраќај поради одржувањето на „Европски јуниорски триатлон куп“ и „Национално триатлон првенство“, предизвика застој во сообраќајот на одредени места во градот.
Голем број возила утрово се најдоа во долгата колона на булеварот „Туристичка“ во правец кон охридските плажи, што предизвика нервоза кај возачите.
Според денешниот изменет режим на сообраќај, од утрово од 07.40 до 18.20 часот има забрана за движење на возила по булевар „Туристичка“ од пресекот со „АСНОМ“ до пресекот со локалниот пат кон хотел „Инекс“ само во правецот од Охрид кон „Св.Стефан, а во обратен правец има двосмерен сообраќај. Со оглед на тоа дека викендов посетеноста на градот е голема, колоната со возила кои се упатиле кон плажите на моменти се протега речиси до кружниот тек кај Охридска банка.
Организаторите кои претходните денови го најавија настанот апелираат на разбирање.
OhridNews