Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци се одвива без забрани, но забавено поради влажните и лизгави коловози и наместа остатоци од снег. Поради ниските утрински температури можна е појава на голомразица на целата територија на државата, особено на повисоките планински превои.

На возачите им се препорачува крајно внимателно возење, прилагодена брзина на движење и одржување на потребното растојание помеѓу возилата. АМАМ ги потсетува возачите дека од 15.11.2011 на сила е законска обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, која ќе трае до 15.03.2012 година.

OhridNews