Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива во зимски услови и по влажни коловози поради врнежите од дожд и снег.

Појава на магла со видливост од 30 до 50 метри е забележана на планинскиот превој Плетвар. Исто така, се препорачува исклучително внимателно возење на повисоките места каде поради врнежите има остатоци од снег по коловозот. На возачите им се препорачува прилагодување на брзината кон условите на патот, со цел поголема безбедност при движењето по патната инфраструктура во земјава. На патните правци Катланово – Велес, Демир Капија – Удово и Маврово – Дебар – Струга,  зачестена е појавата на поситни одрони.

OhridNews