Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ Македонија се одвива без забрани, по претежно влажни коловози поради врнежите од дожд во пониските делови. Отежнат сообраќај поради остатоци од кашаст снег на коловозот има на планинските превои Стража, Маврово и Попова Шапка, како последица на врнежите од снег во текот на изминатата ноќ.

Поради почестата појава на поситни одрони низ клисурите и планинските превои, АМСМ препорачува  крајно внимателно возење, прилагодена брзина на движење и одржување на потребното растојание помеѓу возилата. Од таму ги потсетуваат возачите дека треба  задолжително да поседуваат зимска опрема во возилата.

OhridNews