Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива по наместа влажни коловози. Можна е појава на магла која ја намалува видливоста на патните правци долж речните текови и низ котлините. Исто така поради ниските утрински температури можна е појава на голомразица па на возачите им се препорачува исклучително внимателно возење.
Поради почестата појава на поситни одрони низ клисурите и планинските превои, АМСМ препорачува крајно внимателно возење, прилагодена брзина на движење и одржување на потребното растојание помеѓу возилата. Од таму ги потсетуваат возачите дека треба задолжително да поседуваат зимска опрема во возилата.












