Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ Македонија се одвива тековно, без забрани и по влажни коловози. Можна е појава на магла на патните правци долж речните текови и низ котлините.

Поради почестата појава на поситни одрони низ клисурите и планинските превои, АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и одржување на потребното растојание помеѓу возилата. Од таму ги потсетуваат возачите дека од 15.11.2011 започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, која ќе трае до 15.03.2012 година, без оглед на моменталната временска состојба.

OhridNews