Би Великден. Но дали помина? Се случија две чуда. Првото чудо, незнам дали…..Божјо ли беше, реставрациско ли беше, религозно-политичко ли беше…..второто, политичко ли беше, националистичко ли беше….незнам…знам дека Божјо не беше. И друго знам….и двете работи поминаа преку народот, се искористи народот и со двете се повреди, навреди згази народот. И ете. Не дека сега ја вметнавме ами конечно ја докажавме вмешаноста на политика во религијата. Грозно. Не  дека сега видовме дека сме неспособни ами конечно се докажавме ама пусто никако да признајме дека не не биват, никако, дека сме неспособни да живејме мирно во државава. За првото ме згрози, ме навреди, ме иритира, ме уплаши  дотичниот митрополит Агантангел, а за второто истото ми го напрај….кој?….убијците?…нашата неспособност…јавашлукот?…Како и да е …празникот започна како македонската историја, судбина. Навредливо, мачно и крваво.  
Нешто се избистри, нешто се просветли…рековме , рекоа… Божјо чудо. Коментари секакви. Коментари стручни , коментарни поповски. Едните рекоа земјата е таква од која се прает иконостасите, влагата, бојата протече. Другите….јасност, кристалност, чистина без човечка рака. Третите, шупливите….Митрополитот повардарски Агантангел…., знак да ја почитуваме власта. Сегашната. Не некогашната. Не онаја која не ја сакала верата. Туку оваа која била за веронаука, за Божјите…..за Божјите….за шо Агантангеле недоветен????????
Како ли само собра  дрскост? Не храброст. Храбар е онај кој има доблест. Доблест има она кој има морал. Нити имаш доблест нити имаш храброст нити морал ами имаш простотилак и безобраност да пробаш да ги импутираш твојте гнасни мисли во мозокот на напатениот македонски народ и сакаш да го натераш дека ако евентулано му се истурит појќе ќечап во пицата и то е знак дека требит себе да се дајме,  на било кој власт да си се подариме. Како….како ли само можеше Бога во политика да го вмешаш???? 
Зш не го остај народот да вервит во она шо сакат??? Со шо ли тебе те задолжија да бидиш гласник во име на Бога за служба на политиката? Како си зеде за право единственото шо на народот му остана да го прифатит онака како сакат самиот тој, а то е верата, ти да му го наметнуваш како да го сфатит???? И дали бре безобразнику си свесен колку ги навреди сите верници во Македонија. Не Агантангеле! Не! вербата во Бога и вербата во она шо се вика над природно и Божјата работа не почна од тебе. Не почна од човек како тебе кој е заслепен со моменталните благодети кои ги имаш заради икс причини. Докажа дека си дилетант од веронаука, ама и дилетант од математика. 
А јас како верник и послушник на Божјиот пат се разбирам и малку од математика. И не само јас. Ами и голем дел од макеоднскиот народ. И целиот народ. И целиот народ знајт дека икс- те причини кои тебе те заслепија повлеквет ипсилон последици за ваква небулоза која ти ја кажа. Јас не ти судам, верниците немат да ти судат, зато шо никој не сме силни, меродавни и немат да сме правични ако пробаме да ти судиме. Ќе ти суди онај под чие закриље бараш да се оставет пари на икони, наплаќаш ти и твојте другарчиња, енормни суми на пари за свадби, за погреби, за радост, за жалост….
Да се разбериме. Не сум против свештените лица. Јас сум против недоветните свештени лица оние налик на овај шо го спомнав. Јас сум против оние свештени лица кои сакет да наметнет нешто на народ кој е ранлив, кој имат многу рани, рани кои се погодни да се инфицирет со секакви поповски, политички, дилетантски вируси, вируси кои ќе го разорат она што во моментов е нешто нај напатено. Народот. 
И не само народ како народ по дефиниција. Ами и народ како родители, браќа, сестри… на оние пет луѓе кои ги снема на ден кој е наречен Велики четврток, на ден кога почна страдањето на синот Божји Исус Христос, почна страдањето на пет , шест, седум,….многу семејства.  Ајде Агантангеле, дедо Стефане, излезете од вашите мерцедеси и објаснете им на семејствата на овие млади луѓе  какво Божје чудо се случи та вечер. За многу работи се прчите пред камери и зборувајте. Збовувајте и сега. Не! Абе не! Не смешав јас баби и жаби. Богами не. Најдов врска, поврзаност помеѓу вашата небулоза и ова шо се случи. 
Истото е бре брате. А то е лагата, неискреноста и понижувајнето на овај народ шо живее на овие простори. Да. Неискреноста. Глупостите што му ги пласирате на народот веќе две децении. И вие и политичарите. Да. Сега сте на рамна нога. А пази. Ако се дрзниш на било кој да му пласираш глупости едноставно го омаложвиш зато шо мислиш дека тој е глуп и дека све шо ќе пласираш  ти, тој, тие, сите вие кои не водите две децинии ќе го голтнит само и заради само тоа, шо ти си го кажал. Е веќе нема да можит. Или бар се надевам дека нема да можит. И дојде време. Ти, тој, тие да кажат дека конечно го лажат овај народ, го омаловажвет овај народ и го вреѓет. Да! Точно. Го вреѓет. Чим си зеде за право да солиш памет јавно те редам во групата на сите оние шо ни солет памет 20 години.
И да. Дојде време. Дефинитивно дојде време.Дојде време да се запрашаме многу работи.  Кога сите вие појќе или помалку шо сте ја воделе државава ќе излезите да кажите дека не сте биле способни? Кога ќе излезите да кажите дека си играте државници а не сте? Кога овај народ ќе го остајте да мислит и постапвит по свое убедување а не по ваши директиви? До кога ќе ме терате да бидам ВМРО-вец или ќе гладвам? До кога ако не сум од СДСМ ме терате да одам кај ВМРО да си ги остварам својте основни потреби. Ете сега ми кажавте дека Бог бил или ВМР-овски или СДСМ-вски и ми наредвите на кој да му вервам. Беда. 
А да ми кажевте до кога не ќе можам без дијазепам да си го планирам месецот? До кога ќе се тресам дур ми дојдет децата од чаршија? До кога ќе ми е страв да влезам во градски, а да не мислам дал  ќе ме убиет зш не сум убо исчешлан? До кога ќе ги гледам родителите и ќе се молам на Бог  да им помогнит зш неможат да си купат лекој? До кога ќе молам Бога да не фатам некоја болест која се лечит само и само со пари, а јас го немам? 
До кога? Па кога ти оче тој и тој, па ти Бранко, па ти Коле, па ти било кој шо имаше или имаш врска со водење на нашава држава ќе излезите и јавно ќе признајте дека конечно македонското дно е без дно, дека не сме на работ, туку го префрливме работ на сиромаштијата, дека сме крајно не безбедна држава за живеење, дека имаме рекордни социјални случаи, дека ни умирет луѓе зш немет да купет аналгин, дека поголемиот дел од народот ручет марули зш се по 20 денари, а од една марула се прајт “ручек“ за сите, дека луѓе пред пензија останвет без работа, дека на пензионерите му е поефтино да умрат одколку да се лечат, дека на секој чекор се тресиме ради прфут дан не казнат, дека све ви избега од контрола……дека….дека ова е крај.
ЏИМИ
*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни не се ставови на OhridNews, туку се ставови на авторите и редакцијата на ел. весник не сноси одоговорност за содржината на истите.