Чек чек …и нему ќе му пишиме ама овај ми е поважен, министер е , чек:

“Здраво г-дине министре Таравари. Од ко разбрав дека сте отвориле “вибер онлајн твенти фор слеш севен контакт“ јас неможам да се приберам од радости. Вака можат сите да Ве контактирет и да ве прашет и да си го олеснат животот. Читајќи ги прашањата упатени кон Вас одлучив и јас да Ве прашам з`ш имам голема мака. Имено имав стара врата на клозетот клаено уште од времето на дедо Тито. Не ми дихтуваше убо и ради недихтувањето се појавија прдателни и смрдателни причини да ја менам со ганц нова. Чекам секој момент да дојдат да ја менат. Моето прашање е следно: дали Г-дине министре знајте кога ќе дојт мајсторот да ја донесит вратата? Дали тој ќе ја монтират или ќе ми остајт кашкајнца да викам други мајстори? И….дали со мајсторите да се договорам топтан цена или со ручек? Се надевам на брз одговор г-дине Вибер.“

Абре одма ќе одговорит одмаааа. Посебно зш читајќи ги другиве прашања моево е ептем поврзано со здравство областа кај шо е тој Тата-мата. Како ам. Не само клекни тотолисе па низ врата фијуууу бактери, мактерии, миризби, миризби…..ЕЈ????? Второво исто е .

А ти на кого сакаше да му пишиме? Ааа немат потреба да то да му пишиме. Јас знам. Одма да те корегорам. Значи то веќе не е стопирана градба и огромна опасна дупка шо е позади Локална Охрид. То е екс стопирана градба и огромна опасна дупка позади Локална Охрид шо зјапат така 100 месеци. Се напрај пренамема. Да, дааа се напрај. Сега е базен за потребите на граѓаните во портокалова и поголема фаза на топлотен бран. Да, да. Информирај се и после јади трици.

Зато те демантирам дека е опасно место за врвење на пешаци и возила. Не е. Одма ти мавам демант дека од мрежана не се гледат кој идет од другана улица дека мојме да се испотепаме. Те демантирам дека земјата на крајот на асфалтот почна да се ронит од дождојте и дека асфалтот висит и дека мојт да пропаднит некоја кола. То си е всушност трамбулина или скокална за во базенот и зато асфалтот така е надвиснат над дупк…..над базенот да мојш шо подалеку да скокниш.

Те демантирам дека општинарине врвет тука за на работа, ја вртет глана и се прает на Тошо дека не ја гледет опасната дупка позади Локална Охрид шо зјапат така 100 месеци, зш сега пренаменета од дупка во базен како нов проект. Одма мавам демант дека зад плештине им е проблемот на сите градски власти, а нив ги болит стапот. Прво, голем дел се општинарки и немет стап, а оние шо се општинари јес да имет стап ама нив ги болит газот. Не стапот.

А пак Државниот инспекторат за труд докажа дека ептем ги болит стапот за работа на отворено за време не топлотниот бран. Се пофали дека ќе дежура со 30 инспектори за да го заштитит здравјето на луѓето и ни порача еден телефон да им пријавуваме ако негде приметиме дека работит некој да им се јавуваме. Тие ќе си дежурет в канцеларија ние да сме шетале како шутраци и да пријавуаме неправилности.

Јас искрено сакав да се в клучам во ова шпиунска работа, нормално како секој македонец издајца, предавник, шо му е вродено во гените, ама се предомислив од две работи. По она шо видов јас ако се зафатев со ова, не ќе можев да потпрднам не пак да ручам зш кај сврти се скелина гледаш, а на нив висат луѓе. Да ѕвонам да не ѕвонам? После си викам дан ги заебам работниците, зш чим овие шибет со работа гарант имет ак не појќе 60-70 еври дневница.

Друго пак шо ме предомисли е бројот шо го дадоа. Жити леб. Од VIP-ONE. Да да нивни. Еве и со зборој вип-оне. Ам на првиот шо ќе го видев и да сакав да пријавам цел дена ќе останев со него. Зш кај мојш да добиеш некого ако е на овај оператор дур не ти напрајт двајс пати кол дропет, недостапен, не е тука, ојде да мочат, сега се бришит, сега се добришвит….

Додуша на крај стегнав нерви манав еден дијазепам и им се јавив од едно место и им кажав дека: вид.. .ден раб….. к… работ.. .а .дно ..еле на вис..а т…атура .д .ад 40 ….ени и ви.чи.. 50 ..три. А од таму ми рекоа: Ви ….дариме .о .е ..вивте и н. к.жавте.

ЏИМИ

Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите