Се сеќавам ко се родив, ама одма само шо излегов и докторите ме кладоа кај мама во прегратка и секундарно ја прашав: “Мамо мори, кај ме роди? Во Америка, во Германија, каде???? Не сине, во Македонија“. Море луѓе како ми олесна. Сум се родил во она некогашна Македонија која сега е Независна Самостална Република Македонија. И не само шо ми олесна. Се сеќавам и дека се олеснив. Се родив во Македонија и се посрав.

Си ја сакам НСРМ зш за секое зш имат зато. Да не речам за секоја заебанција знајш кој е виновникот. Ако го знајш виновникот знајш како да го решиш проблемот. Ете јас ко се родив ..пример…шо велит свачана Биба од Велгошти…мај се родив со бемка на газот. Ко бев мал не ми сметаше ама ко пораснав неможев танга да носам. Ко малку подразмислив за да си го решам проблемот сфатив дека крив е Бранко. Или Коле. А кој друг би бил. Ние во нашата НСРМ имаме развиено јака психологија дека не можит ние како народ да сме криви за бемката на газот и за многу други работи. Зш ние не гласаме на избори. Газната бемка гласат.

Таман се израдвив зш сфатив дека знам све во НСРМ рикнав да плачам како странка пред катастар за Сафет Незири. Онај заменикон министер за образование. Ти ошол чоекот во Калишта да го видит школото. Требеше да ојт Кралев ама неможеше беше на фризер да ја пеглат косата. Е нејсе. Ојде Сафетче и ко го видел школото какво е и  во какви услови децата учат  се наежил. Тој се наежил јас не намовнаф. За него. Абе како можеа да дозволат да остает чоекот да се штрецат па да му покажвет такви никакви услови и тој многу да се насекират. Кој онакво му покажвиш сега чоекот од стрес …пример…ко шо викат…мај мојт да се мочат в гашчи на спање. Ами децата не учат од чера во гомнејнци. Ќе дојт детето ќе посејт некоја година тука, ако не фатит колера, маларија или некоја друга смртоносна болест, ќе завршит и готово. Не така?

Е сега не ојт све баш глатко во нашата НСРМ зш од завидлак не мојме да пркниме. Тук читам и слушам дека владеачката калиција била во криза. Абе не туку јади лајна. Мада види можда кај нас е најубо да јајш лајна ем најубо живејш ем најдолго. Да бе. Еве политичариве саде јадат лајна  и најубо живеет. Или пак имаш слушнато некој да умрит од јадење лајна??? Или од свинско или од телешко мрсно или кожа од кокошка. Од лајна никој.

Да се вратам на поентата. Владеачката коалиција нити била нити ќе бидит во криза. Немат поделба на наши и ваши. Можда на наши наши и ваши наши. Доказ за то е камандат Таљат Џафери. Со ова бе сега ак ти теквит шо расправаа по Предлог законот за посебни права на  припадниците на безбедностите сили и на членови на нивните семејства. Сите јадат лајна и здрави се,  дека намерно ќутел еден сат си го искористил неговот право во комисијата. Море луѓе како прво и прво тој ионака незнајт да зборвит, а второ мојт некој криво да го интерпетират и ете ти чаршиски муабети дека имат владина криза. Не така?

И да се разбериме. Јас колку шо ги разбирам овие борциве за нивни права, шо се угнетени, фактички тие немет против овај закон, ама фиктивно се против, ак се размислит убо, зш фактички ако се донесит ќе требит да се прает споменици, односно фиктивно веќе имат споменици , а фактички тие се нивни, а фиктивно не се наши, ама фактички зш и ДУИ и ВМРО се наши и спомениците се наши, така да фактички ќе требат да се поклонат на нашите споменици, а фиктивно веќе се поклонија на едни споменци кои фактички се нивни а фиктивно зш се во Македонија се  наши, е сега фактички не би биле тие наши , кај шо се поклонија,  ако фиктивно Македонија не е наша, мада ми гледат веќе дека и фиктивно, и фактички и практички Македонија не е наша. Јасно ти е? Мене не. Зш е овде за разлика од газната бемка незнам кој е крив.

Не вервам дека некој од нашиве, ко ќе речам нашиве, мислам на нашиве наши, е крив зш сите се мажишта. Имет г`с све да преземат само НРСМ да е безбедна. Мада појќе ме беднисвит она српсконо да имет муда. Ама како и да е едното до другото се блиску. А она шо мене уште пред многу години ме напрај среќен ко ми рече мама дека ме роди во НСРМ е дека конечно морат да заклучиме дека немат владина криза. И да се сумит дека почвит некоја криза, нашиве наши се јаки мажишта и ќе се напучат на вашите  наши и се ќе се средит. Зш нашите наши не се шака море ами мажишта се, да не речам ко волој за на јасли. Мада ко ќе ги извајш од најасли испадвит дека се само волој. Как да е криза немат.

Во прилог еве шо му рече водачот на загрозените Али Амети на амбасадорот од Шведска: ….“ДУИ е партија којашто ги користи сите институционални и демократски методи за да ја исполни својата агенда за доброто на граѓаните и нема да дозволи непочитување на процедурите, затоа што на тој начин сериозно ќе се наруши демократијата во земјава. Евентуалното непочитување на деловникот или Уставот, како и на Рамковниот договор ќе предизвика сериозна криза. Ќе ја суспендира демократијата во земјава и ќе ги влоши меѓуетничките односи“ …. е ова го рече. Мада мојше ова со два збора да го кажит:  “ ЧЕ ПУКАМ“.

ЏИМИ
[email protected]

*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.