Стигнаа Агушеви? Супер. Одма кај децата в соба нека влегвет и заедно со нив да ја вежбет “О Јорго сине још си бос“. Морат на отварање да влезиме со трубачи и со прикладна песна. Малку да им се полигавиме на оние од ПТРГ ( ПоранешнаТурска Република Грција). Не ќе ни е прв пат ај ти. И да се напрајт голем транспарент и да си пишит: НСРСМ МАЛАГА ПТРГ. Така.

А ти пиши жено дан заборјаме нешто. Прво пасошите да се спастрет. Кај шо ни се имињата во заграда клај кај мене ЏИМАКОДОПОЛУС, а за тебе и за децата избери кое сакаш грчко име. Пиши….спастри ги ПИСОАР тестојте, потврдите дека сме вакцинирани….оние последните клај ги од седмата доза и напрај слики од рацете кај шо сме боцнати да видет. Абе аку. Доказ си е доказ.

Ти стигна резултат од ПАП тест? Е клај го и тој и она потврдана дека си излечена од гонореја. Клај в куфер и ехото мое од бубрезиве дек немам камен. Исто клај и извештајон дека ми е скратено 2/3 дебелово црево, з`ш может ко ќе влезиме да не ме проверет , па на враќање цело да ми го барет. Пиши све шо ти викам за да се распиштолиме кај браќана Грци.

Од децана прво клај оние белегзине шо ти редеа на рака ко ги роди да знает дека се наши. Абре ако си пишит на пасошон. Шо е сигурно сигирно е. Спастри ги и потврдите дека имет примено од мали вакцини БСЖ, ХПВ, после…..абре аку едното е машко и за него фалсификовав една. Шо е сигурно сигирно е. Нејќам да ме вратет од отворање на граница, а со си музика одам. Среќен разгагален. Равчешнат во муцкава ко перуника.

Исто клај и за Хопи потврди дека денес му дадов апој и за внатрешни и за надворешни паразити. Море клај и за нас потврди дека сме зеле аку не сме песој. Нек имат. Кој носит не просит. И ој сега сите измијте ги газојте з`ш викнав луѓе од печатница да ни земет отпечатоци од чмаројве и да ни напикет чип.

Отпечатокот ќе ги клает на флаер, на флаерот QR code, ги оставаме флаерите на грчка граница и да не знает секој момент кај сме. Браќата наши. Грците. Абре решен сум да влезам в ПТРГ па ак требит и фелацио ќе им прам. Наместо овде на нашиве голтари да им плеснам 2000 еври нив ќе им ги закачам па нек им чадит нив глата. Не на нашиве.

Ој спреми све, а јас ќе свикам прес на новинариштава да им објаснам дека нависитна Мицко е во право ко велит дека не го изгласаа законот за дивоградби сложно со СДСМ з`ш јас бев таму ко се договараа на историската средба ко се гласаше.

Видов со свој уши дека ко се гласаше Мицко го гледаше под веѓа Зајка, а овај пак него под нос и под око. Истовремено со сила му ја креваше раката на Мицалета дури зеде и кран и синејца му го напрај зглобот. А дур се договараја ко почнаа да се лапет Мицко не сакаше па Зајко инсистираше, па обратно, држ недај…., се зближија.

Ко дојде редот за гласање, пратениците згрчија едните на другите, ко песој и наеднаш силно и ревносно викнаа ВАЖИИИИТТТ. Ко да им олесна. Ко да имале некоја работа шо се мачет. И на крај свршија работа. И сега ова тебе на сложност ти личит? Ај ти се молам.

Агуш. Идај ваму. Ај уште една проба пред да тргниме….три, четириииии…..ОООО Јоргооо синееееее још си бооооос….

Држ те се браќа грцишта….идат вашите северно македонци.

ЏИМИ

Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите