Така де. Уште една туристичка сезона ја пречекавме и ја шпордисавме, како казват братјата срби ми: Сваке године у сваком погледу подпрдујемо, не … напредујемо. Да ти кажам праев една анализа….чек малку да се разберам со овај ајванов…..Еј еј еј алоооооо. Ар шо прајш? Абре какво кревање на ѓубрето абре иш од тука. Па шо ак си од Комуналец.

Цело лето те немат сега се напучи. Абре мафнисе не ни прај опструкци, ојме на светски рекорд за собрано не кренато ѓуре, ѓубре едно ѓубросано. Се мачам цело лето да складирам сега ти ќе си кренел. Се искасапивме со комшиве кој појќе ќе натрупат, кој поголема планина од смрдосија ќе напрајт, ти сега паметен се напрај, да си го кренел. Иш бре. Со Шулета се исколивме чекаме еден друг да заспиет и да си крадиме ѓубре за кој да имат поголем рекорд ти сега…ко брсјаци здушно полниме, сиктер од тука.

Извини нерви кинам со вакви недоквакани….значи многу сегменти ни влијаеја да се сме успешни ова сезона. Абе од одма се фрливме на работа да имаме чиста сезона, чист градов да останит, само и само без гости да ни е и во то успејвме, ….чек чек ми звонит детево шо ми го возит таксиво на црно. Кажи, да кажи. Како? Види го, ар негов проблем ак имат срцев удар нек пукнит нека се бутуросат.

Не бре. Све шо е под 58 километри не качви. Ар јас не ти дозволив онај шо имаше пролив да го…..како? Е нив качи ги и се знајт. До Св.Наум 117 еври. Не, не, не им кажви сега таму изгори ги и да ги видам дал до година ќе се качат в такси, дал воопшто ќе ни дојдат во Охридов наш чист, а не…Ех шо ќе сме праеле после сезона. Ак не бојкотирет нашиве ќе дремиме, прфутов од јајцава ќе го тресиме. Будала еден лапај, кркај сега после….

Извини.. ти викам уште од мај се зафативме со работа. Прво манавме танц тотем дожџишча фрливме ко анатема над градов. Голем процент се мафнаја. Под исчистивме малку. Мада види. Ова туристиве ти се ко пијајци, а престана дожџот абре одма ко бумеранг назад се вратија да им се напрдам во нив.

Ееее ама ние не сме вчерашни во туризмот….данк цените горе, вработвење келнери со доли мaсни косишча, со плетенки на градите, со црно под ноктот од палецот, келнерки со мустаќи и шо се во ПМС од ко се родени и му писнавме со услогата. Пуштивме по плажине дечишта да се мочет, да серет во езероно и некој процент од тука мафнавме. Некој процент збришавме со цените по кафаниве, некој процент со паркингот, со пајакот и поднамаливме малу. Ама малу. Не колку шо очеквевме.

Ама охриѓанец не е жив ако не му текнит. Џанк земјотресите цел месец. Абе, а тие заспаа а земјотресот ние џанк. Ко се поднавикнаа тие мал дел шо останаа, таман влегоа во шема со дијазепамите пред спијање опаааааа бам тој 5-ката преку ден. Со нас ќе си играш ти ебате беља? Абре мрш од Охрид да те немат џенемосајсе. Санким ние од туризам живејме пак ќе ве трпиме да ни се лигајте.

Се мафнаа. Ни олесна на душава. Мада за секој случај му прснавме низ цела охридска општина и во околијата со туристички детектор да провериме и опаааааа….пак нервози. Абре дестина најупорни напикани ко стаорци в канализација тие да ти се скријат во Подмоље. Абре де бре убедви ги ова она да се мафнет никако. Ич мува не ги лазит.

А така? Џанг водата и јас реков одма ќе се мафнат. Кој да се мафнит бре она катари од туристи немам видено. Абре се смрдосаа се корносаа, сурутка фатија, на газот брбушки им висеја не бре и не. Одеа во езероно вода да пијат, со лајца сркаа и се дрзнаа едно време протести праеја се бунеа до локална. Ти му викаш културно, коњу еден ради тебе е исклучена да се мафните, тие упорни на протести.

Им кажавме дека можно е да го викниме Чак Норис…не бре она им е двор и им е. И ко реков дека веќе как да е ајде ќе ги истрпиме нив дестина од многуте шо се закатанчија да летувет кај нас, незнам на кој му текна му кажа дека может да се заразет без вода, вирусишта да фатет, да се распроливет, па ќе морат да се лечат во реформираново здравство од ВМРО……евааааа….ко го слушнаа ова, абре прашта. Февга да ги немат. Ам кој знаел да му се пљукнам. Наместо таблана ОХРИД ќе клаевме ВМРО табла. И ко муви од џам ќе се одбиваја.

ЏИМИ

*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите