“Празен чаши на мом стоља….(ждриииииг)…..а ти си ме сњима поиспрскаљааааа“… не не никако. Дечко не давај му појќе. Ар шок созејсе аман пак ти. Види го. Од кај знајш ти дека то беше во љутина? Дека веќе ти е скаран? Морее чоек ај со вода шо те попрска ам да ти фрлеше столица во глатата. Не дај Боже, добро де пак и ти, не дај Алах, да те чапнеше за коса да те влечит. А? Е појче де, бољи појче. Зато ти викам и јас. Ам да ти кажам и ти си крив. Ете ти се приближи имаше намера одма да ја имплементират двојазичноста. Е како. Да те бацит.

Пак можда те попрска со вода зш ко шо е по наш адет со лес да ми ти тргнит со јазиците. Е де….ко шо бремена жена ко ќе тргнит на болница и прскаме со лес докторот да ја породит или со лес да му е на детево шо успеа да извајт извод на родени, дај Боже златен само три дена пауза да имет на едношалтерсков систем. Е баш така, ко ти шо викаш де, така де бљосов можда ти даде. Не брзај. Ар не баботи многу сега, знам, знам дека се смрзнише ти од водата.

Ар види го. Како ти било незгодно ко едно време од шо бевте блиски в уста си пљукавте, па немој така. Абе знам дека стара љубав забoрава нема, ама ете си имаш друг сега ти. Јас вервам дека овај вториот од ко ќе потстанит од скутот од Аметија ќе ти го дајт. Немој пак и ти така.

Абре мирен како ќе си ја закољељ сама во себе. Знам дека имавте доста заеднички моменти, дека делевте све, те тендери те милиони евра, те заедно затворавте луџите како шо викаш ти, ам сврти се бре чоек напред сега, шоу маст го он бре шок Тале.

Еве сега си имаш нов…….Како ? Јо јо команданти Форина, јо така да си мислиш за тебе. Знам дека ти нукеди и не си одавде. Еве и јас нукеди албански ама ќе го научам з`ш морам , а ти немораш македонски. Така да на македонски не се викат курв, курва се викат и за машко и за женско. Мада скраја било и подалеку од то дека команданти е курва. Без разлика шо со кого сакаш тим си коалицираш, поарно курв отколку опозиција. Ајде престани со секирација…..абре и овај ќе те слушат ко првион. Шо лајна ќе јајт, не ќе ојт во опозиција.

Ај ти не прај будалии ќе ти поминит, а јас ојдов. Абе ќе одам не било која тераса . Сега со новиот закон се пушит и во затворено. Ќе одам тро да попушам. А не…ти немаш право засега да пушиш. Ние НСРМ-ОВЦИВЕ имаме право да попушиме зш од секогаш сме го попушвеле. А ти здравје Боже би требао да попушиш ко ќе престанат американцине да те поддржавет.

Дур тогаш ќе попушиш, а сега иста фора си ко Осама Бин Ладен. Ар види го сега…не земви ми го и то право, правото на традиционално попушвење на македонскиот народ. И немат врска јазикот овде не туку ми барај двојазичност и во пушење, зш за то се користит само устата. Бар во појќе случаи.

Едвај се отарасив. А да ти кажам браво за нас со овај новиот закон за попушeње. Ете после 12 години го натеравме и Коѕијас да ни дојдит во државава од ко разбра дека сега мојме уште појќе да пушиме. Абе ние бевме јаки пушачи и ко идеше во времето Солана и тогаш се покажаваме дека знајме да попушиме добро посебно во Арачиново.

Па континутиетот го задржавме со Охридскиот договор ама не застанавме тука. Ние пичиме и никој немојт да не задржит па зато си потпушвевме и со законот за УЧК борците, па со на два три пати со двојазичноста. Еве пак сега и бугарите не сумија дека мојме пушиме. Абе немат мрдање кај нас.

Ех како издржвевме. Секогаш имавме некој лидер кој не носеше низ пушачката авантура. И многу паметно праевме шо тие пушачките лидери, шо не водат нас како народ попушиме тројчка и ние, си ги менвевме. Па зморно е на секој диплата дојден во НСРМ да му попушвиш само ти. Па заморно е луѓето да пушат и да не се сменват. Па то воспаление на усните мускули, па на образите дури ко шо тргаме ние македонциве до в коска веќе, до гашчи да стигнит чадот, то бре и вратни жили болат. Како ам.

Е то видиш то. И јас то се прашвам. Тие најмногу пушеа, најмногу луѓе им идеа, а рак на гради не фатија. Како успеаја ракот да му го префрлат на народецов наш не ми е јасно. И ете ти одма поделба и на тa основа. Покрај политичка, национална, верска, економска ете и пушачка поделеност на македонскив народ. Па глодисе, карај се, тепај се мрзисе, мојов е малиген зш твојот пушачки лидер неубо пушеше, овај назад….не е точно зш тој пушеше поубо од твојот лидер шо аку се ракосавме ама бениген. Абе македонче, абе….пуши и ќути.

ЏИМИ

*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите