Алооо пази пазиииии. Абре пази пајак. Абре каков обичен. Овај опасен е. Не не, тргнисе, не е “црна вдојца“, уште поопасен. Абре мафнисе од таму не туку бабарај, не е ни тарантула. Овај е бре од оние најопаснине. Ајде ајде побргууууу. Префрлија улицата. Уф за влакно. Како не го виде бе? Ами од оние шо кревет коли беше. Аууууу немој така жити све. Од него по опасен немат.

Добро не разбра ти шо и напрај ваков пајак на полицајкана? Ауууу абе ја здроби пајакот море. Абре колку го жалев отпрвин пусто Јасе з`ш зли језици кои оговарају рекоја дека некој си Б.А. висок на една политичка П. не беа сигурни ама мислам дека бил висок функционер од Д…И. jа здробил. Е наводно п. сл-чка, при рутинска контрола добила г. ќотек со неколку Ш од Б.А.

Абре ко му удрив едно жалење на Јасминчето, абре ред солзи ред мрсули, море ја прежалав. Си реков како не му е срам на Б.А. на момичето да го згаз. од ќотек. Си реков кој К кренал рака на П……цајка. Е сега ко стишаа злите јазици се разбра убо све. И све си излезе на виделина. Прво се дозна дека онај не бил висок функционер на она партијана зш бил негде колу 165 сантими.

Друго: Лицето Б.А. ко видел дека Јасмина П си ја работит работата трчал со отворени раце и сакал да ја гушнит, а момето Ј зш било во униформа бегајќи на назат она лицено дан ја залапат од среќа, се свртела на десно и отпозади ко и се фрлил пајакот ко ја манал во левата рака ја здробил. Ај шо кутро моме добило тешки телесни повреди туку и псхички да ти бидит разбоктисана и мораше да ојт да на терапија кај Оли, да ја погалит, да ја терапират, ова да му се пожалат, па тој да ја сослушат, да и манит масажа и други кури да и дајт та Јасето да се опоравит и да си се вратит на улица ама да се пазит од пајаци. 

Мада на Оливерчо не му беше јасно како толку тешко се повреди од едно учукување на пајакот. И тогаш та му рече: Другар министер не беше едно учукување, беа неколку учукувања, како шо се свртев и со раката учк, учк, учк, учк неколку пати и така. Та му објасна, а тој и оддаде признание да не речам и призна дека ја сфати и дека и да не било учк пати, доволно е само едно учк не само неа да ја скостит, ами и цела полиција да ја заебит. 

Зато и тебе ти викав да пазиш ама и да не брзаш во донесвење заклучоци да не се замервиш со лицето Б.А зш ете пустиот толку го изнервиравме шо се изгуби и рече дека мојт на сите да не пернит пајак. Како ам. Дан не? Бар нему му е лесно шо ќе посакат да напрајт. Зш Аљи А, Зоран НА. Ако Зоки не НА, тогаш Аљи: Ељоооооууу Зокиииии, како сиииии???!!!

Така да и ова си се среди. Море све ќе се средит. Ете Зајко најави и смена на некој министри. Како ам. Па си ја увиде чоекот грешката за некој места. Ете видиш си се отвори место за Еленоски, ќе си се отворит и за Ташковиќ. Па чоекот си се јавил на редовен конкурс. Па шо ако Грујо некош го примил истиот. Шо ако е од Груја овај. Едноставно како шо Грујо го прими пред неколку месеци ако продолжит Зајко вака и тој ќе си го примит. Само незнам шо место ќе му се најдит на Субрата? Мада си викам нека излезит овај од затвор ќе се најт. И уште еден потег да повлечет…..нек завршит и Грујо со судојве па со Господ напред можда и пологично е Грујо да го менит Зајка зш и Грујо е нивни. Ако Грујо е нивни тие се Груеви. Па шо.

Ама сепак жал ми е за Јасето исто како и за Јеца. Жугичка. Абе греота момето ко ја гледав на пресот. Се мачеше. Поточно овие од СДСМ ја мачет абе нефесот и го зедоа. Додуша ко почна да зборвит не се пулев во телевизорот и мислев почна “Ифет“. Ко се вртам ја гледам Јеца коси корнит, со карминот се шкртат, креонот во око си го пикат…. ја штукна Зајко. Ти клал нетранспаретно луѓе во Управни одбори све партиски луѓе. А нејзе и се гадит од такви партиски вработвења и нетранспаретно врабетвоње и ангажирање. То нејзе не и е познато. Како беше збесната јас мислев дека ќе ги употребит гумените куршуми шо ги бараше да се пукат по македонскиот народ. Ама реков да не почвит зш ко шо палардисвеше дан згрешит, дан манит со некое чепче, или да ја згрешит ташната па да извајт некој тампон да фрлит. Плус ако е употребвен лелееее не дај боже, ќе летнеа сега крвојни. Цела НСРМ ќе беше в крв. Да бе.

ЏИМИ

*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите