“Си беа еднаш едни Македонци  и твојот дедо беше еден од нив, кој живеше во некогашната држава Македонија…ииииииии тие некогаш биле…..иииииии пред да изумрат……“.  Не ќе е далеку кога некој родител со ова приказна ќе си го заспиват детето кое ќе влечит некој корен од некогашните македонци. Тогаш можда ќе е гремлинец можда некоја друга раса не оти знам. И не бадијала викам родител, а не дедо, зш на тие простори, на овие ли на други ли, ја со променати граници ја не, не ќе имат место за пензионери зш први од таа раса, некогашните Македонци, ќе изумрат баш тие.

И после…после све по ред. Како шо си идат. Невработените, кој ги имат појќе од колку шо имат Канго влакна на глана, па вработените шо земет плата на секој шест месеци по 98 евра, па оние кои имет тро поголема плата ама имет кредити…а ќе останат… ќе останат оние кои сега градат згради, оние кои крадат згради, оние кои им давет да градат и крадат згради….а тие…тие се малку, ептем малку ама доволно да им ја раскажет приказната на некогашните македончиња за родот, за ендемичниот вид кој веќе одавна исчезнал….Македонецот.

Не беше така одамна, пред двајстина години се сеќавам на еден референдум кога македонскиот народ, орен, полн со елан требеше да заокружит ЗА или ПРОТИВ за самосталност на Бившата Југословенска Република Македонија т.е. сегашната Бивша Југословенска Република Македонија која ние упорно си ја викаме Република Македонија. И би референдум. И би од Бившата Југословенска Република Македонија во Бивша Југословенска Република Македонија. Убо се сеќавам на славењето на Бившиот Македонски плоштад во Скопје. Тогашниот, празниот. Помеѓу останатите работи шо ми теквит за таму шо се случвеа, кај шо се сега мадињана на Букефал, еден слоган ми остана уште тогаш така да речам в ум кој не ни доличеше на нас македонците. Се скандираше: “Кај сте сега шиптари, кај сте сега шиптари……..“.  Баш вака. Мојте да проверите. Побарајте некој да ви го репризират то, например онај кој прв дознават или екслузивниот Латас, ќе видите дека не лажам.

Ова не бадијала ви го раскажав. Следниот ден на Радио Охрид имаше отворена емисија на таа тема каде се јавуваа слушателите и коментираа во таа еуфорија меѓу останатото: “крај на маките наши ( кој маки????), сите ќе се вработиме, ќе имаме поголеми плати, србите не крадеа….гомното ќе станит тулумба, трнот јоргован, вошките пари…….“. Нејсе се јавив и јас кај водителот кој сега ми е драг пријател и се цитирам: “Да. Гласав и јас ЗА, но мислам дека вака не се градит демократска самостална држава за која се залагале нашите предци…не ме бендиса скандирањето на плоштад…..и мислам дека она шо го напрајвме, шо заокруживме ЗА  е најмалото нешто шо мојме да го напрајме за нашата држава, зш допрва не чекат трнлив пат, маки, работа, за да бидит све она шо го викет слушателите. И мислам дека ако продолжиме ко шо почнавме на плоштад…ќе се покакаме.“

Шо ми одговори водителот не е битно, а и не е битно шо следните слушатели коментираа за мојот коментар. Си знам јас, мајка ми, сестра ми ( ја неам ) и поголем дел од мојте роднини од женската популација. Ако снимал водителот мојт да го репризират.

Јас ќе ви се извинам шо можда ве малтретирам со нешто шо е дел од мојот приватен живот но ете како ендемичен вид во исчезнување сакав да пробам да одговорам на некој прашања……“кај сте сега шитпари“….требит да кажам кај се сега ????? Или јасно е? Незнам како не им текнало да излезат кај мадињана од Букефал и да ни скандирет “кај сте сега македонци…или…. кај сте сега бјрм-ОВЦИ..“ . Јас мислам дека она последноно…овци…таман ни е. И да ви кажам и јас ќе им се придружам во скандирањето. А можда и сите требит да им се придружиме и да си се запрашаме кај си сме сега НИЕ.

А кај сме? Нигде. Во исчезнување. Бар јас така мислам. И колку и да се бориме како народ немаме шанса. Сметката за струја ќе е појќе од просечната плата на секој од нас. Ама пази, просечна плата од завод за статистика земена од Шведска. Реалната е две плати за една сметка. Со некоја си плата мојме да туриме 160 литри бензин сега, а до пред некоја година со истите пари 320 литри.  Ко да ќе е 100% поскапвење??? А? Или по нашки дупло. А од тогаш до сега ни 1% платата не е мрдната. Само ние се мрднавме.

И кој сега ни напрај нешто од областа на сексот во здрав мозок? Да не речам кој не дупит во здрав мозок. Трагични се три работи. Прво, сами си се издупивме, значи автодупачи, второ не е кој туку КОИ се тие шо не дупеа и дупат и препоептемнајтрагично е шо се многу дупачи. Почвејќи од Кљусев кој ни рече да периме на раце, па Љубчо кој сакаше да ни напрајт услуга да не трошиме бензин па сакаше државава да ја напрајт селски атар, Хари кој за “огромни“ 25 евра го продате плоштадот Македонија, Бучко кој плати за спејсшатли, а купи издрнкани тенкој, Баненце кој наместо да му ја скинит глата на октоподот го оплоди па ни се роди цело племе на октоподот  или Коле кој и во дневниве ни редит споменици. Можда овај последниов се трудит да ги исчистит гомнејнците на сите предходни. Незнам. Мене уште ми смрдит под носов.

И на крај ќе се вратам пак на оние редој од пред  двајстина години. Не бев и не сум баба Ванга кога тогаш реков дека ќе се покакаме.  Од сето шо го кажаа на радио ништо не е остварено нити пак гомното стана тулумба. Си остана гомно. Можда заборајв да спомнам уште некој дупач на македонскиот народ ама нека не ми се љутит. И овие шо ги кажав беа доволни и способни толку многу да не издупат и да не напрает ендемичен вид во исчезнување. Нас, како народ ни останвит само да се молиме на Бога да ни дајт:

СИЛА – Да го издржиме она шо не можиме да го промениме
ПАМЕТ – Да го промениме она шо можиме и
РАЗУМ – Да напрајме разлика помеѓу првото и второто

*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.