Да и јас се приклучвам кон величењето на Џезаир Шаќири алијас командантавет Хоча. Не ми се мршти многу во право се сите шо на социлајните…..чек да прочитам….с о ц и ј а л н и т е… вака требит не социлајни… мрежи го фалет. Абре имат чоекот став, држење, култура, свест и совест шо се повлече од советничкото место кај Заев. Браво, брво, faleminderit z. Hoxha, шо си толку суосечајен со реакциите на македонскиот народ и реакцииите после твое устоличување за советник. Јас си го памтам овај командатавет од почетокот на 21 век исто и тогаш беше вака суосечајен, исто и тогаш беше со цела свест и совест вака расположен и настроен према народов во НСРМ.

А имаше и свој специфичен став. Знам дека застанвеше чоекот малку настрана ко нишанеше и им просвирвеше куршуми покрај ушите на македонските бранители само и само да не ги погодвит директно вчело. На ова сум личен сведок. Жими Нимиц, ак те лажам. Ама не лажам.

Кај шо го спомнав Нимица, да ми е здрав и жив, рече пустиот да би пуст не останал дека средбата бела конструктивна и дека разговорите со Коѕета и Димитрова наш биле сериозни, напорни и тензични. Му вервам. Жими него му вервам. Посебно дека имет бидено тензични. А како да бидат ко тој го имат притегнато Никица за врат и гарант овај имат речено: Е ај добро еве ќе ве признајме под уставно име.

На то Димитров се имат изнервирано, з`ш така лесно да прифатат грциве. И јас да бев на негово место исто ќе реагирав. Жими Нимиц. Чек сега….таман го убедивме народов да сме северно македонци пак да се враќаме на македонци? Таман се согласивме да сме Ерга Гомнес сега…..Имат да сме упорни. Немојт јужниов сосед да не дупит како сакат тој. Да се разбериме едно. Ние не сме Кипар па кир Коѕијас да не дупит како сакат тој. Па не е саде тој шо сакат да не дупит. Не така? Не е ќор колкав е редот зад него. Цела ЕУ е наредено позади него та и Америка чекат да му се прднам да му се напрдам.

Па знајт Нимиц шо прајт. Тој ја сакат НСРМ свесен и совесен е шо за него напрај ова држава. Да не бевме ние ќе мораше така ко кукајца да сејт дома и да собират полжај и од мрсулите да редит на колена. Немој така да си играте со совесен чоек.

Зато да не ми го чепкате ни Мицета од ДПМНЕ. И тој е совесен. Пред све свесен дека ете Зајко ја користел нашата држава за фамилијарно богатење. Дека го исцицал нашиов народ. Дека државава е носит во бездна. Така велит Мицето за Вицето. Па застани бре Зајко, застани бре човече немојш тек така расуло да прајш од ова напатено парче земја. Немојш тек така да го користиш рецептот за грабалак кој е измислен од другарите на Мицко, па на исти начин ко ВМРО-ДПМНЕЖЗЅИЈК да владејш со државата, со методи како нив. Па застани чоече. Си слушнал ти за авторски права? Прво плати си бре ако имаш пари па откупи го патентот николистички, дпмневски, ако сакаш како нив да раскрчмвиш нешто кое ти е врака. Ако ти остаја нешто.

Немој бре така. Зато го сметам Мицета за свесен и совесен. Толку години тој и негојте другари го сјебвеа народецов, со нивн методи, нивни и само нивни патентирани системи и сега оп ти се појави …..Па морат чоекот да си го бранит својот минал труд. Абе Зајко да ти кажам право биди среќен шо Мицко само лајт како пес на ливада, зш мојт да ти опнит тужба во ЗАМП, МАМП и да се чешаш. Како ам. Ааааааа немат играње со Мицета. Имат чоекот да си ја бранит држават…..партијата де.

ЏИМИ

*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите