Многу често, барем еднаш неделно, имам навика заедно со моето друштво да се собериме во некоја кафана. Најчест мотив, покрај јадењето (тавче-гравче, скарата и алкохолот) се муабетите за нашите животи, кој каде е, што прави, секојдневните проблеми, филозофските муабети за вечните теми, сеќавањето на минатото и плановите за во иднина. Секоја средба, различна тема за муабет. Пред некој ден, собрани така, почнавме со сеир муабети, кој што направил и анализираме зошто, како, кога, кажуваме што ни се случило, умираме од смеење…алкохолот почна да си дејствува. Малку по малку, почнавме да филозофираме за животот. Еден од моите другари, на кој алкохолот му беше најмногу влезен во крвта, наеднаш доби откровение. Стана од столот со чашата во рака, а ние прекинавме со смеење. Чекаме да каже некоја здравица или некоја глупост, а тој одвај се држи исправен, чека наше внимание и откако го доби, ни рече: – Замислете само ние овде (10 луѓе) и уште 2 милиони жители ја имаме таа среќа да живееме во Македонија ! Останатите ја немаат таа среќа ама имаат се останато. Нека ни е наздравје.! Настана тишина. Добивме чувство дека сите го имаме доживеано неговото откровение. Никој не кажа ни збор. Сите си го доживуваа моментот и јадеа од јадењето кое им служеше само како мало оправдување за никој да не рече ништо. Другар ми, очекуваше дијалог па откако виде како сите седиме со попарени глави надолу, наеднаш го испи коњакот па си седна на столот и почна да ѕвезди среде бел ден. После ова, тешко ни беше да продолжиме со муабетот или пак да смениме тема на муабет. Плативме и станавме да си одиме секој по својот пат.

Дојдов дома и се фатив за албумите со слики и да се потсетам на моменти и личности од мојот живот. Додека листав низ 
Легнав да спијам, изгледа алкохолот премногу доминираше во мојата крв. Пред да заспијам се мислам зошто другарка ми има носталгија ? Најмногу мислам затоа што тоа денес ни се случува. Ние постојано живееме во нашето минато или пак во некоја далечна иднина. И кога конечно, таа иднина ќе ни дојде, не ни одговара на описот. Заспав и спиев како труп. Се радувам затоа што моите соништа не беа со влијание на денешниот ден. Почнав да си ги извршувам вообичаените обрвски што ги имам ама никако да се тргнам од помислата што значат минатото, сегашноста и иднината. Знам дека некој живее од љубов, некој друг од мито, а ние живееме од спомени. Гледам низ сликиве и гледам луѓе кои во нивните славни денови не успеале да направат нешто посебно за нивната иднина, сега ќе се обидат да направат барем нешто за нивното минато. Живеам во сегашноста, баш во сегашноста ја пишувам оваа колумна, во сегашноста гледам во мониторот и 
Не велам дека е грешка да се навраќаме во минатото, многу добро и самиот си знам дека во минатото се навраќаме само кога размислуваме кај сме погрешиле или кај ни погрешиле, каејќи се и наоѓајки начин како да не ја повториме грешката. Мислам дека треба да го оставиме минатото зад себе такво какво што е, затоа што колку и да се трудиме да го промениме, никогаш нема да успееме во тоа. Знам дека минатото им пречи на многу луѓе и на многу нации. Во последно време, гледам на Грциве многу ги стега и им пречи. Толку многу се трудат да го избришат минатото и никако да им успее. Колку се забегани што почнаа да се фрустрираат од нас. Тие ни се уште еден добар пример за тоа каква е нашата сегашност и како некој сака да ни ја силува. Сега прашањето е дали уште ни е убаво некој да не стега од позади или ке си ги замениме функциите и позициите? Мене, стварно ми е дојдено преку к*р. Вето за НАТО, вето за Еу…до кога така ? Ај да направиме вака.: Сите знаеме дека реката Вардар не се слива во Егејското море. Грците ја имаа пренасочено за да ги наводнува нивните полиња и ниви во Солунското Поле. Па ај да им ставиме една брана кај Гевгелија или кое било друго место на нашата територија па да видам дури тогаш како ќе скокаат како луди за да правиме компромис. Дури тогаш без мислење ќе ги вратат сите имоти, ке дадат пасоши со државјанство и сите други попатни работи кои следат. Се радувам на денот кога ќе ја изградиме браната. И ние имаме полиња и ниви за наводнување. Џабе се сите субвенции и придонеси во земјоделството ако немаме вода за наводнување. Дури тогаш малку ќе почувстувам дека му ја силувам на некој сегашноста. Доста беше мојата/нашата.
Завршив со прелистување на албумите. Како lash-back низ мислите ми поминаа сите убави и незгодни момент од мојот живот. Сега, за да се одморам ќе продолжам со проверениот начин за уживање во сегашноста. Ќе фантазирам !










