Значит колку мрзам оговарање то не е нормално. Абре да се јадело лајна за друг , да се дрндало за секого, а нити познат нити ништо. Мрзам и некој ко ќе копат нос со чулче, ама оговарање ептем. Чашитлама не видена. Обично за то се жеништава специјализирани. Алапачи. Јас лично и да знам нешто абе в гроб го носам со мене не сакам ни збор да зборнам. А ги сумвам кој се алапачи. Ќе те сретнит на улица џо загрижена за тебе, ќе те потпрашат нешто и а и кажа два збора, одма плетенка и те однесе низ цел град. Богами. А се нервирам зш обично тие шо оговарет за нив си се мислет дека се нај нај во све. А какви се….
“Добар ден сосед. Како е“. Какано како е. Е ова уште не дојдена од Скопје све сакат да знајт. Еден ден џо штирак ми требит и ојдов дома. Па па па. Смрдено до немај каде. А секош нафрцкана излегвит. Не оти ја слушав шо ми зборвит. Немаше ќош кај шо не видов пајажина. Да ти е гнас вода да се напијаш. Ојдов в клозет џо на мочање имав шо да видам. То кадата влакна санким мајмун се капел. Да се опулиш во огледалото ти се чинит лепрозен си. Од ко е купено не поминато со магична.
А се дружит со една шо да ти кажам и та каква е. Баш во моментот дојде и седна на спроти мене и јас џо ме чешат петицава неколку пати се навалив и ѕирнав под сукњичето, и то смрдено не испрано никош на вриење  не клаено, и имав шо да видам. Бутојне санќим кора од портокали. Леле ко почнаа двете да јадет трици за комшивките. Па па па. Јас си седам и само ќутам. Не оти јас немав шо да кажам. Ама не сум алапача ко нив. И требит да имаш факти. А и да имаш факти се седит и се ќутит. Ко мене. Дур седев така се опулив под кујнат. Пооооо трошки од леб. Цел батаљон лебарки три години да се ранат. Метла не клаена. 
И знаш шо е најлошо. Јадат трици, заедно за други и ко ќе излезат после кај појдат јадат гомна една за друга без да водат сметка пред кого. И пред познати и пред непознати. Страшно. Неможев да издржам, си ојдов кај кумашинон, таму беше кумашинкана, сестра му, зет му, брачед му, сната за брачед, брат на сната со си жена му и золвае нејзина, прва брачеда од золвае со дечкото и сестра му негова…и една…мислам дека беше јатрва на сестрата на дечкото од золвае на сната на брачед му. Незнам сигурно. И да ти кажам неможев да издржам им кажав све за овие две алапачи. 
А лошо е оговарањето зш ти се враќат ко бумеранг. Еве јадеја сите лајна за министеров наш по здравство, а тој напрај бум и то светски бум  во медицинава. Медицина преку интернет. Да бе. Све ќе си ојт глатко, а од дома не мрдаш. И алал да му е. Го праеа каратиста, молер, клозетар, бубашвабар и шо не друго. А за прв пат во светот воведе интернет светска медицина.  Си ојш на матичен и све ти закажвит преку интернет. Ќе видит кој доктор е слободен, специјалиста и те праќат таму.  Му рече на докториве да си отворат елетронска  пошта дури можда ќе отворат и фејсбук.
Мада мислам дека дека со фејсбук е најпрактично. Зш тогаш една фаза од лечењево се избегвит. Не мораш да ојш на матичен ами сам директно ќе си најдиш слободен специјалиста. Да бе. Еве ти ти пример. Со факти. Не само јади трици. Да речиме имаш проблем со хемороиди. Пример. Го сликаш чмарот ко ќе ти ти се појават хемороидите. На статус го објасвиш проблемот, кога ти се појавувет, како ти се појавувет и ја прикачвиш сликата. Ги тагвиш сите хирурзи шо ти се френдој и твојата работа е завршена. Сега само чекаш.
Пратиш каква е динамиката на лајкој. Прво ќе си ги исфилтрираш твојте пријатели. Ќе видиш кој пријател ти е прав пријател. Онај шо ќе ти лајкнит на чмарот значит се сочуствуват со твојот проблем и ти е вистински пријател. Друго бриши од френдој. После дел од пријателите можат да се најдат себе си во твојот проблем па и тие да постирет слика од нивниот чмар. Шо значит ќе им го покажиш патот кој е за и тие да си решат проблемот.
А од друга страна ги читаш коментарите на докторите. Чив коментар ќе те бендисат најмногу ќе си го одбериш да ти го решит проблемот. И то преку селекција. Прво ќе одбериш тројца четворица и ќе побараш од нив на зидот да постирет по неколку слики од чмарој на кој извршиле интервенции. Ќе дајш рок од три четири дена и та слика шо ќе имат најмногу лајка, ќе го одбериш тој доктор да ти ги  средит хемороидите.
Му пиши во инбокс и си се договораш за термин за операција. Е сега. Види уште една предност шо ја имаш со ова лечење преку фејсбук. Цела рехабилитација мојт сите да ја пратат преку слики. На два три дена, го сликаш чмарот и објавуваш слики и ги пратиш лајкојте и коментарите. Е сега на крајот е најбитното. Вршиш оценување на способноста на докторот шо те лечел. Е како? Е вака. Ко ќе завршит рехабилитацијата прајш фотосесија на чмарот од појќе агли и не само една слика ами цел албум на фотки објавуваш, мојш да го крстиш “голготата на еден чмар“, пример, и го објабуваш и твоја работа е само да ги бројш лајкојте.  Е сега незнам како е во правинилникот кај Тодоров, мислам 1000 лајка, не сум сигурен. Значит ако немат 1000 лајка тој доктор не е доволно способен, го каниш да те аднит  Тодоров за френд, тој те прифаќат внимателно ти го разлгедвит чмарот за  сам да се уверит дека чмарот твој немат 1000 лајка и си преземат санкции према докторот. Тој си знајт какви. Можда од тогаш па натаму само ќе играт бабл вич сага. Незнам.
А ако пак имат над 1000 лајка, ем докторот ќе бидит награден од Колчета ем ти сликата од чмарот ја редиш како профил пикчр. Така ем ќе се исфилтрирет квалитетните доктори, ем ќе се зголемвит бројот на чмарој како профил пикчрси  во Независна Самостална  Република Македонија. 
ЏИМИ
*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.