А бре ко ќе ти е судено да си онаден сами гашчите ти се слеквет. Не бадијала се рекло. Цела недела за нигде. Само нервози, само разочарвења……И сега знам, ми се потврди дека по утрото денот ти е посран.

На почетокот на неделата уште сабајлето се фрапирав. Абре кој онакво ме натера во Куба Либре да се напијам фрапе. И така си продолжи. Се искинав од нервоза, зборој од уста ко на Хорхета не ми излегвеа со овие шо заминале за Грција шо им ределе лепенки на регистрацине. Абре како мојте така да си дозволите? Како? Немојте да сте толку глупи. Европава ќе стекнит мислење дека заради неколку глупаци шо ошле кај јужниот драг сосед цела нација е таква.

А македончето не е такво. Ево јас да си се земам за пример. Немат шанса да дозволам да ми клает лепенка. Е зш? Зш се ојт спремен. Подготвен со све ко шо си требит. Еве сега изгорев испукав да одам Грција ама не ко тие дебили шо ошле неспремни па има закачиле лепенки со ФИРОМ. Абре кај си го дозволвам јас то. Немат шанса. Не сум тиквар да си дозволам лепенка да ми клает. Па јас имам гордост македонска или шо? Можда појќе или шо отколку гордост ама…На крај крај краишта ако не си спремен да не дозволиш да ти клает лепенка не ни оди. Не се брукај бре.

Е јас ќе одам ама спремен. Да бе. Прво ќе појдам МВР и си го менвам името. Џимидокис Пушидополус. На пасошон ќе си клам лепенка ФИРОМ во заграда СКОПЈЕ. Одам кај Тони од Фиви Принт и ќе му нарачам едно шеснаесет лепенки од метар метар и пол да напишит ЈАС СУМ СКОПЈА, А СКОПЈА ПЕДЕР и цела кола ќе ја излепам со нив. На шофершајбна ќе манам од оние лепенкине за сонце и на нив со големи букви “Σαμαράς τον αδελφό μου“ (“САМАРАС БРАТЕ МОЈ“).  Кај шо ќе останит место ќе клам помали лепенки “охи Скопја НАТО“, “охи Скопја ЕУ“. Меѓу македонска и грчка раница застанвам, облеквам опинци со бувки, едно елече и на челово се фарбам плаво бело. Ја ваѓам регистрацијана и опа  тука лепенка….ЕЛАДА. В кола до даске музиче сиртаки, јас пасошите враце и со грчко оро до пасошка. И одам од грк до грк ги бацвам и на сите аделфо аделфо, аделфо, јас скопја, јас педер.

Е така се влегвит гордо и достоинствено во Грција. Право македонски. А не овие неколку дибеци шо дозволиле да им лепат лепенки. Ќе ни  ја нарушеа македонската гордост шо од секогаш сме ја имале. Од век и веков.
Еве да потсетам само на неколку работи во минатато. На пример со турците. Еј бре човече, да ја поробиш цела Турција, ај шо ја поробивме туку ја кренавме и овде ја донесовме и вјарем ја напикавме. Да,да. Шо сакавме им праевме 500 ( и со зборој петсто ) години. Им дававме данок колку сакаме, им се бесевме пред очи, да се згрозат  да повраќет, на стари луѓе им дававме млади момичиња да ги збудалат да им го земат нефесот. Ами како. А пак за данокот во крв ич да не зборвам. Пo џо сме им давале данок во крв. А бре не треси глупости. Нашите тогаш така велеле, арно ама то беше почеток на изумот наречен ТРАНСФУЗИЈА. Е сега така се велело з’ш кој ќе разбереше шо прајме, кој во то време ќе го сватеше зборот ТРАНСФУЗИЈА?  А? Ги цицавме ги цицавме ги  напикавме в ќош и ко ни здосадија, после 500 години, ај сиктер да ве немат.

Да ти бројам уште. А? А србите ами 92 година? Ко зајци бегаа од Македонија, глата не знае кај им е. Ај шо ги испадивме ко клошари туку кутрите ем не знаеја кај да се пикет, ние пак уште бап, тенкојте, камионите, радиоторите, штекојте, шољите од клозeтети, шо не им бабнавме. Абре душата им ја извајме. Еее ко ќе ми текнит. Од смеење неможам да се соземам. Абре еден Ричард Гир, ееејјјј, Ричард Гир идеше ко пес молеше да глумит во тој филмот шо го снимавме заедно со тие глумците од Косово, ко варосвеа Србите, ама бре ко рековме не и НЕ. Ко посран си се врати во Америка.

А ти теквит на она играна со учкине, шо ја игравме, индијанци каубојци  во Арачиново? А? Идат онај судијана ( обично такви утакмици судит ) ми се чинит дека се викашеее???…….а, Солајна, ( или така нешто, знам дека беше со нешто ама не ми теквит со шо) е тој свирит крај, тие шо ги глумеа индијанците  престанаа, а нашиве пукет ли пукет и тук наеднаш оп престанаа. Сиве се вџашија шо е работава, ко ние бам сите во автобус, на друг терен шо не им е познат и партал ги напрајве.Aбре ова e Македонија алоооооо. Абре македонците имет своја гордост. Посебно за летовање во Грција. Само да се спремите како јас шо ќе се спремам. Гордо.

ЏИМИ
[email protected]

*Ставовите
изнесени во рубриката Писма-Колумни  се ставови на авторите и
редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на
истите.