Сооооолзиииии сами капат простиииииии мииииииииииииииии….то мајсторе тооооо. Ајде на увце ела ваму. Бичи то жицата од виолината. Овде овде на увцеееее….. Асфааалт сега имам ама немаааааав лелеее сиромаааввв…. Алооооо… викај брате не те слушам. Овде е затнато од гости и музика. Слушај брате….Двееее музикииииии свиратааат чалгииииии една за менееее друга за Ацетааааааа…..Слушаш…..Е кажи де сега кажи….Да лепотане да. Нека дојт. Да…и CNN и Nafional Geografic и BBC и RTL…абре сите нека дојдат….Кој? Не не….Animal Planet нек ојт во парламент. Да да.

А никако. Неможам јас да давам изјави. Камен сум, пеам и се радвам не сум способен за изјава. Да бе ти кажи му…е шо да му кажиш…..нешто во стилот….ете и нас ни се случи после пола век да имаме асвалт во наша мала, бла бла….знајш ти како…исфиловај го. Чек чек малу……ајде мацо она од Китиќ……Тоооооооооо……ајдеее море кумееееееее, челаве су гумееееее, на твом мерцедесуууууу….

Е челаве су ко шлајфоват на новиов асфалт. Абразивниов. Абре луѓе прв пат во животов јасно ми е…..зоштоооо си ме мајкооооо родилаааааааааа…..ах пуста среќа. За асфалт ме родила. И то нешто јас да го доживеам. Зад собрание, наша мала да имаме асфалт. Абре сине рибарски џизми шо ми се за до в кола ќе ги дам во добротворни цели, по Струмица, Слатино, ваму таму….

Еј комшооооооооо…..шо бидна со волот, до кај е? Не бре за него не те прашвам, тој знам дека е в канцаларија. Туку шо е со тој шо го печиме? Е ајде де побразјте, зш кај и да е и Фуере ќе дојт и ќе се фрлал по асфалтов нов. Да бе. Мојт како не. Наместо да пловет ќе се тркалет бурињата и ко секош ќе му го наместиме. Туку дан заборам. Земи то черџето и клај го онде пред економско и кој како идат таму да бришит кондурите и не да ми газит со си кал по новиов асфалт. Како ам. Како? Ако не боси. Да боси да влегвет. Сега од одма да го посериме асфалтов нов. Како ам. Овај е и здравје Боже после 65 години другиот.

Абе како си се сложвит све. Абе како си идат све потаман. Сто пати имам речено, трпение спасение. И да ти кажам. Воведвам уште еден верски празник во малава наша. Да бе. Св.Тројца. Како кој. Св. Штефан, Св.Јиржи и Св.Ричард. Како бре кој се тие. Алооооо. Тие да не беа стап асфалт ќе видевме. Абре како незнајш. Во чест на Штефан Филе, Јиржи Бусек и Ричард Ховит.

Да да. Аце го кладе асфалтов ама да не беа тие…….Ем така де. Тие дојдоа, го седнаа Банета и Колета, договорија локални избори, то значит дека Аце пак ќе се кандидират и за да добијат одма ни го спружи асфалтов. Иначе кој ти излегвит на гласање, каков Аце каков бакрач. Прво и да сакавме да гласаме за било кого од калојнкиве неможевме ни по леб да ојме не пак на гласање со кондурите ко со лепешки од крава. Ај жити леб не зборви така.  

Е зато имаме асфалт. Како? Да да. И тротоари. Да. Не одма до душа, ама ако не овај петок другата година гарант. Е сега да не бараме мани опни то песната и радви се. Види го! Па шо ак ги покрија шахтине кај нашана зграда. Де бре, ак се затнет, ќе се тотолиме на новиов асфалт, ко шо е мазен опни то цревото и све ќе спотераме на кај нована зграда од локална. Како ам.

Е бре како е убо ко ќе ти се погодет некој работи. Малку ме изнервира полицијана во Скопје саботата тепаше невини млади дечиња албанчиња за ништо. Ам сега запалиле автобус. Ам не брзај море деца се. Прво и прво шо знајт дете шо е автобус. Мислит камин е и го запалиле. Друго…..можда му имет речено…..пиле ој запали го автобусот да се повозиме…. и ова мало, не му текнало дека му велет да го запалит со кључ, си го зел молотовиот коктел шо го праел на час по ОНО, по новата програма на новиот министер за одбрана, Таљат и го фрлил на автобусот и овај се запали. И полицајцве одма удри удри, санќим на норма се. Ам чекај бе брат. Први пиши му покана за поучни предавања, ако му се повторит тогаш тргни го за  уши, искарај го. Дете е ќе ти се уплашит. Зш ако не ојш по ред, немат да го научиш и овај мојт да ти фрлит молотов коктел и да ти го запалит цел плоштад Македонија.

Тук јас се забрбав. Заборајв на ова асфалтов….чек песнава….тооооооооооо. Браво брате. Рсни на то тапанот искини го. Лееее како ти текна……дејги до морииии дејги диииии, наши песни убавииииии…..тоооооооо…..у ухоо……..империјааааа империјааааа најмоќна силааа на планетатааааааааааааааааа…Е со асфалтов и ова ме нарана. Конечно уба песна. Конечно. Империја. Ко за Македонија да се мислит. А се мислит на песната. Ја гледав емисијата ко ја промовираја. Се воодушевив. Се осетив горд шо сум македонец. Све беше во стилот на одважноста, во стилот на македонската гордост и самоувереност.

И Калиопа гордо им рече дека не е битно да победат ами битно убо да се престават. И водителот гордо на секој пет минути им ги лижеше газојте на новинарите да пишат нон стоп убо за песната….и уште ко рече Есма дека со турбан ќе настапит…..е луѓеее се наежив. Замисли…..сред Малме да блештит горд македонски турбан. А? Абе ко ќе ја видит младинана од Малме Есма со турбанот…..абре слика ми излезе дека сите швеѓани се во делириум. Пискет се грабет за турбанот. Тиииххх. Ако победиме само ради турбанот ќе победиме….и уште да му текнит на Лозано да се облечит ко Сумбуљ Ага….брееееееее…..Само едно ми е мака. Грциве дан клает вето и на турбанот, зш е македонски, па тој да ни е крив шо немат да настапиме на Евросонг.  А?

ЏИМИ
[email protected]

*Ставовите изнесени во рубриката
Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси
одоговорност за содржината на истите.