Скоро сите беа среќни со најголемиот празник на планетава. За 8-ми март. Ти велам скоро сите з`ш еве јас на пример не бев. Јас не бев среќен, а и женине од Герасима. Онај градоначалникон на Радовиш. Јас ги жалав нив з`ш не ојдоја, а тие си се жалаја з`ш немаја фризури да одат и не ојдоја. Е бре Герасиме шо напрај, да би шишки на очи ти паднале, да би направо не одел да би се тетераел па да видиш како е да цапаш без фризура. Добро бре чоек се откажвеле 45 фигара, да дајт Господ само “Фигаро“ на телевизија да ти ја пуштет, з`ш 45 срца скрши, та фризури не напраени останаја, та 45 души в хотел не ојдоа и мишки не испотеја, винишча не пиеја, та шо се без мажи скоро два сати душа не израдвеа.

А ги видов на телевизија кутри какви беа. Во глајне за нигде. Која ко охридска палма, која ко празојперје да насадила, која ко Ацета Лукас во косата, која…..абре как се одело така на глата ко со трева не косена, со фризура со фигаро не напрена.

А з`ш? З`ш Герасим се посра дан го казнет шо тендер отворил за 45 витли за коса? Абре Герасиме зар толку се истотоли па го поништи тендерот со причина: “се променија потребите на Радовиш“? Абре шо мојт побитно да е од жена на 8- ми март да ојт негде па да се разиграт да се расштрафит ко детска играчка?А? Канализацијата во Радовиш дан е побитна од фигаро? Низаеден еден ам канализација носит гомна, а фигаро фризура. Абре во ова држава коњи преку тендери се набавуваја ко авиони се плаќаа, ами мермер се плаќаше стиропори се монтираа, даноци се затајвеја условни се добивет. А се сецна за…..абе за ништо. Ко шо е тргната работава во НСРМ ни на суд немаше да ојш, туку судиине дома ќе ти идеа да те судет. Пак ак ги примиш ги примиш ак не не. 

И плус то овај датум е многу значаен и баш на пригоден начин сите жени во светот со вино и песна, со оро на штикли си ги барет своите права за еднаквост со мажиштата никакви. И да. Јас сум многу работи да се сменат не само во државава ами и во цел свет. Како ам. 

Пример да речиме….пример велам…ако во една канцеларија имат 25% жени, не малксе, 50% плус една жена да имат одма, ама хитно да почнит да се зборвит на женски јазик. Абре од одма. Или мажите во секундот да напикет танги во газишчата, де ги вметнет тро меѓу хемеоридите, да клает прслуци па нека се осетет жените тројчка полово рамноправни.

Абе види….секој маж различно ко доживуват овај празник. На пример ние НСРМ-овците сме претерано тажни, се осеќаме осамени, празни…..Ти фалит бре женати и точка. Колку и да сакаме да се прајме фраеришта ко сакати сме без нив. Сејш дома сам, а немат кој да ти отворит пиво, помфритче да ти напрајт дур фудбал гледаш, ѕвериш во телевизорон ко теле само на една програма, а фудбалот завршил пред пола сат. Па така, немат кој да ти менит програма. Останат на та едната и со сила, само да не признајш дек си некадарен се посервиш од смеење на емисијана од Драгна Вучиќ.

Пак уште ги глеш тие се наземвет награди, пола кило брашно, два леба, 125 млл крем за раце, две пеглани пиперки, кило зелка расол…..а та? А та шо требит да ти се најдит вечерва се притресвит негде, се потит подмишки, стегат шприцер и борејќи се за рамноправност меѓу половите гарант и мочат од простум. А види на пример ќе ги спомнам милите грцишта. На овај дена можда тие се единствени во светот шо не им фалит милата женичка. Нив не само шо не им фалит туку ептем тогаш се расположвет, едвај чекет од мажи да останет. Да бе ко ти викам. Ал го чу ти Христоса Флиатураса?

Е кој е де. Тој е уролог и хирург. Од кај нив де, од Грција е. Е сега и ти ….ме мрзит да пишам Поранешна Турска Република Грција. Е тој кажа дека просекот на грчкиот секс бил 6 пати месечно. Во нормални услови. Арно ама бившо турциве ко влегле во период на решавање со името наше, сексуалните боцкања им се зголемил на дупло пати секс. Значи 12 пати месечно. А пак друга анкета кажвит дека за 8-ми март имале дневно 12 онадвења. Алооо 12 матинања дневно дур им биле жените на прослава. A нас допрва ќе не пржит.

Е како зш нас? Слушна ти Села шо побара? Е како не слушна?  Ами си рече чоекот дека под хитно морат албанскиот јазик да е рамноправен со македонскиот и морат да имат бинационална држава. И згора на то ко рече Бујарчо дека законот за јазици морат под хитно да се донесит ова недела за да доброто на НСРМ……дома мене ми светна. Ехееехееее брате уште колку секс нас не чекат. Како ам.

ЏИМИ

*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите