Тииииии атсмосфера. Седнат пред 110-кана лед, лево на наткаснана ракиче, мраз, вода, на деснана туршија пиперки, потпечени, везанки, пиперки полнети со зелка, гамбици кисели, чорбаџиски пиперки ситно сецкани, пред мене табуретката и опнато на нејзе суви малку потпечени со изварка напраени и други македонски специјалитети, нозете на масиче со си чорапи, со жолто црвена боја нормално и бленам. Директно вклучен во Чикаго. Чекам. ОТАН или НАТО како ви е полесно. Намовнат целиот чекам да видам али ќе не бити али не. Очиве втелевизор нааааа….ко кромит бучински. Подзинат санќим гледам спот од Гулабица. Нешто од внатре во стомаков ко пеперуги ќе да е или пак од гастритисов незнам. Ама ко да имам претчуство дека ќе ја бидит.

Ах да бидит и еднаш да дојт крај на ова нашиве маки македонски. Абре еднаш да знам дека ќе станам натовец, абре да ми се намалит кредитов, струја помалку да плаќам, лебов да станит од 320 грама бар пол кило, абре да почнам да осеќам благодети не вака како скинат лист ме вејт ветрот те навака те натака. Крениме од земја и тресниме ко птичје лајно пак в земја. Шо не биват вака не биват. А додуша не вервам дек ќе немет исаф да не не примет зш ние од кога сме во ИСАФ. Не така? Мавам ракија, палам едно од оние шо се за рак а не за неимпотенција. Ти се прднам на триглицеридите и онака се в небо високи ко бензинов.

И ете. Го глем Размунсен. Излегвит на говорница. Насмеан. Или е тазе покакан или имат нешто убо да кажит……Republic of Macedonia…..ми застана везанкава в грло, спотерав уште една шливка….пазуа прајт ко Сале на Звезде Гранда со баражот….from today…..лелелеле…. мила мајко кај си за рака да ме држиш……is…..кажи бре да би в казан зоврел  Македонија шо е is…..is member  of…….Јеееееееееееееееесссссссс. Бидна луѓе бидна. Абре гледам во то салата кој шо имат то фрлат. Капи, машни, танги, тампони……се орит низ цела сала….македонија, маседониан, маседонише, македонглу……Абре ко се фатија то оро да игрет сите членки на НАТО, да се пејт…..Мацедонианс аааааррр фајтиииииинг фор овнс рајтииниииииииннггс…..

Туф туф туф. На орото напред Хорхе, а до него по ред, Мицотакис, Ванизелос, Бакојани, Пападимос, Самарас и други наши неразделни браќа. Едно време ко рикна цела сала….НАТО НАТО НАТО НАТО……Хорхе потпишвит а во позадина….НАТО НАТО НАТО…ко едно време ко од подалеку…нато нато нато и наеднаш… мори нато ти си мое злато баш си сакал јас……ева…..ме разбуди радиово. Ту ти се прднам бре бре да не мојш македонскиот сон ни да го отсонвиш до крај. Абре се будам ќишкосан, потен, под мишкиве санќим имама уретра. Абре да ти се прднам во ксметот македонски да ти се напрдам…….и на овај самит за Македонија не стана збор околу приемот…..Згасив радиото и ми се чинит го згасив животот.

И сега? Како сега без НАТО? Како сега пак сами. А? Ак не друго бар пиперките од сонот да ми останеа покрај мене. Абе да ти се прднам шо овај пусти балканов географски се трефнал на Балкан да ти се напрдам. Абре како сега пак сами до следниот самит? А? Кој ќе ни кажвит шо да прајме и како да прајме?А? Зар малку бре Размусене на сите ви се пучевме? Кој сега ќе ми кажвит каков гс папир да си купам. Зш не е така едноставно. А згреши а ојдоја хеморидити фира. Како ам. Кој сега ќе ми вели: три четириииииии ајде мочааааааааааааааааај.

Немојте бре така браќа натовци. Имајте милост. Јас незнам как да ви објаснам. Море то ти е исто како Америка во времето да ја примевте во НАТО без црнци. Ко ти викам. Шо ќе праеја црнцине сами со себе без демократи како вас?А?  Зш така ни напрајвте. Сега не ми е згодно да ви речам ама ќе ви го плеснам в очи. Не сте фер. Извините вака шо ви викам. Извините ама.. Шо ние македонциве сме ви згрешиле? Шо? Знајте дека сме радодајки, дека сами вазелин си купвиме ко ќе ни идате по визити, ве слушаме ко телиња. Лошо ништо не сме ви напрајле. Према вас злобни не сме. Не сте ќори дека сета злоба меѓу нас ја втикачвиме само вас да не ви наштетиме. Сами очите си ги ваѓаме, ако требит се убиваме меѓу себе, си се кодошиме,  само вас да ви удоволиме и сега пак во Чикаго ни го…..Е сега ако влијат за прием во НАТО то шо сме многу глупи, недораснати двајсет години држава да напрајме, пеки…..мада то е ситница.

Абре пуста макеодонска судбина. Бевме и останавме сираци на овај Балканов. И тој шо не сакаше не остај сираци. Сулејман. Султанон. Ах как не излезит од телевизорон пак да не зејт под него како шо ја имат земено Хурем Султан. Или ај неморат тој да се мачит зш сме  толку мала држава ете нека е Хурем та шо ќе не опрајт. Ама пак каква црна судбина имаме ако Хурем не зејт под свое ќе се налутит Величественана и Махидевран, ќе ја наколкет Нигер калфа све да кодошит шо ќе превземат Хурем за наше арно, ова ќе се изневират и немат појќе да му дават на Ибрахим Паша, тој ќе се скарат со Атиџе Султан, па Сулејман ќе им ја скинит глата, све ќе се напрајт кармакараши и ќе останит да не оправат Сумбул Ага. А? Е сега Сумбул бил педер. Па шо. Двајсет години не раководет луѓе шо превземет педерски работи и зато не мојме да пркниме. Ако не друго Сумбул како педер ако не во НАТО одма ќе не внесит во ЕУ. Не така? 

ЏИМИ
[email protected]

*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни не се ставови на OhridNews, туку се ставови на авторите и редакцијата на ел. весник не сноси одоговорност за содржината на истите.