Ах леле судбино. Ах леле загреота бре бре. Абре зш вакви вести пред викенд да ми ојт јабана викендот од секирација. И не само овај викенд туку ми се сјеба и 1-ви мај, а можда и Илинден……појма неам кога ќе се опоравам . Жално, прежално…..

Не бре не солна киселина. Можам да преживеам. Тук напрај ми шприцер од солна и син камен. Или можда најубо некој коктел од солна, син камен, мишомор, нишадор, варикина и есенција. Да фатит одма да ме снемат. Ај како се насекирав. Како ние како народ дозволивме Никица, Нико, Ниче злато Груеско да се возит со толку несигурни возила, небезбедни за неговиот живот. Како можеше ние како обичен народ, во споредба со него ние сме стока, да си дозволиме да се возиме во безбедни колишта од по 5-6000 еври земени на лизинг, а нему да му е загрозен живот.

Цел викенд го поминав во покајание, бев и Св.Петка однесов пакет масло, врешча брашно и тро кокос, само и само Бог златен да ми простит шо сум го напаѓал детенцето за мерцедесот од посрани 600 000 еври шо сакал да го земит само ради неговата безбедност. Да би ровја ме мавнала, да би си сум се помочал на семафори, ма пролиф нек ме фатит ко ќе сакам да се сликам баш со мадињата на Букефала, та да немам кај да се скријам, та срам да ме јајт во цела држава шо го напаѓав детево з`ш редовно каснит.

Јас јадев трици, да би уста ми се истрицирала, шо викав дека каснит дек гел редит на косата, дека со пинцета ги ваѓат влакненцата од газето, а то ….ах леле и сега плачам…..а то детето се возело со никакви, смрдени, небезбедни возила. И ете кажа на судење тој од обезбедување дека Никица се возел во кола со расипани пенџери, расипани кочници, расипани…..абе да не бројам многу. Доста е шо пенџерите не се отворале, та кога да прднел не да зуело, не да било загушливо, не да…..и како чоекот да стигнел на време . Та пуст, да би пуст останал јас и целиот македонски народ шо сме му замервеле.

И сега ај кажи ми ти како да го напрајт пусти Кољо онаа стравотијана од автопат Демир Капија – Смоквица од цели, ај да не претерам, од скоро цели.. двајстина можда и пол километри за 11 години? Како де? Е ај да те видам тебе носи песок со една лопата 20 километри па назад ко Калино моме по друга лопата. Не не не мешај сега. Јас онака спомнав Калина не дека имат врска нешто сотрувањето со Никола. Калина све сотре не тој.

Пак ништо не разбираш, а многу какаш да ти кажам. Никој не му поклони лопата, туку она шо фрлаше бетон ката дан 11 години му зарасте од лакто надолу. Ам кај е да се однесит цементо, па вода па малтер да се прајт. Е како да ојт со камион. Нему расипани колишта му дадоја, а кизнајт какви ќе беа камиоништата. Е тогаш му пукна филмот и купи трактор и то со свој пари. Па зато бре мил братко јас го жалам Коле ко Миле Поп Јорданов, з`ш чоекот купи трактор, а го судат за тенк. Абе да ти се прднам во правдата.

Плус то се испрси Зајко, како лав да е, си присвој као нешто ова владава негова ја напрајла аутострадата до Смоквица. Е зато, баш зато Коле ај шо не го заврши онај Кичево-Охрид туку и му го скри. Ај да го видам сега Зоки, другар му на Коѕијас нек го најдит. Ни три мандати не ќе можит да го најдит, а не да го допрајт. Ам како. Кутар коле.

Загреота. Плачи плачи….ред мрсули ред солзи, чаша солна киселина. Од грев за чоечето. Абе рикав и носов го копав ко Амдија. А тек шо беше во судница незнам дал виде. Па да ти кажам шо марамчиња се шитнаа. А не нееее не не. Не ги продаваше Орце Камчев…тој сега ќе е бугарски конзул. Ар ќе е ко ти викам. И то почесен конзул. А од него почесен амин аку имат 21 фирма, а потеквит од држава како нашава.

Како? Ам ај шо да прајт пустиот. Му го снема Коло, му дојде Бојко., само после “бомбине“, дан го пречекат СтоЈкО!!!

ЏИМИ

*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите