Прво да ти се извинам шо не седнав одма да ти пишам, ама навистина не можев. Ак те лажам да дајт господ подолу од 2000 евра плата никош да не земам. Ти пишам со ниет да ти кажам колку ми е криво и колку ме болит за она шо ви се случвит во Грција, а многу ме болит за вас и сакам колку  можам, ако можам доколку можам  да ти помогнам во ова ситуација.

Сакав одма да седнам да ти пишам, ама одвај стигнав до дома, з’ш ги напрајвме улициве едносмерни за сезонава и сега од Воска за дома вртам преку Ресен, па ќе пресечам кај Македонски Брод, и од кај Другово, Лагово, Пашино Рувци, Брежани, Белчишта покрај Љубинцка врба, преку јазон и право пред зграда. Малку ме задржаа едни три деца кај судон, ми скокнаја на шофершајбна, мислев дека сакет да се отепет з’ш не нашле поевтин бајат леб од завчера, ама едното дете шо не ојде на хирургија,  ми кажа дека сакале кој прв да ми наплатит паркинг. Ми олесна. Шо да се прајт. Морат да се жртвуваме сите за туристиве шо идат во Охрид да им е погодено поготово на скопјанишчава ( така си ги викаме од милост).

Да ти е појасно да ти се претставам.  Живеам во една држава шо ти и другарчињата на зезање  ја викате ФИРОМ или Скопја, a ние се киниме од смеење з’ш сте толку вицкасти. Ама да знајш дека и ние сме многу вицкасти, з’ш и за заебанција, како и за секс,  се потребни двајца. Да не бевме и ние ко вас, ќе ви пропаднеше финтата со ФИРОМ. Ние не се викаме ФИРОМ, туку Македонија. Не штрецај се. Се зезам. Гледаш дека и јас сум вицкаст.  Туку да се заозбилам.

Ко шо ти реков сакам да ти помогнам, колку можам, а да знајш можам многу з’ш не сум гаталец туку паталец. На времето и ние имавме многу проблеми, додуша не од таква природа ама и тие кај нас беа борци за права и овие кај вас се такви. Тие кај тебе се борат за корка леб овие кај нас се бореа за леб преку погача. Ама зш се и едните и другите борци за права шаблонот е исти.

Значи.  Проблемите си ги праевме сами дур не дојде еден батец, не знам како се викаше, само знам дека името ме потсетвеше на нешто шо се јајт, а презимето на нешто шо смрдит, само не ми теквит на шо. Мислам дека беше од Шпанија. Не сум сигурен. Е тој ко дојде ни објасна фино лепо дека тие шо всушност ние ги викавме терористи биле борци за човекови права. Е од тогаш све тргна на арно. Прво на кумановци им ја пуштија водата за да се искапет, иако немаја платено за вода. Овде не лажеа дека водата ја затворил некој џо терорист со пушка, ама тој шо ти го спомнав ни кажа дека тој ти бил инкасаторот шо се борел за правата негој и ја затворил со клуч, а не со пушка. Шефот на борците за права, Али Амети,  сам ни објасни дека све шо праел праел за поубо на цела Македонија – западна, ама ние лепешкари то не можевме да го сфатиме. Додуша од почетокот ни беше тешко да ги разбериме шо зборвет, ама сега е све полесно и полесно з’ш ни отворија школи на нивнион јазик така да полека учиме и се појќе и појќе ги разбираме. Секако дека се однесвит ова и на Амети. Го разбираме. Секако дека да.

За да го напрајте ова требит све шо ќе ви побарет да им давате, кај ќе побарет таму ќе ги вработите, ќе ги пикните в Парламент, министри ќе ги клајт, закон за јазикот нивни ќе усвојте, за знамињата исто потака и сите среќно ќе живејте како нас. Така ни рече тој и не згреши.  Ако случајно вашиот народ почнит да се бунит дека сегде сте ги изнапикале, ти ќе им речиш дека то не се викат напиквење, ами интеграција. Зато и последно време се храниме со интегрална храна ко врапци. Ако почнет да прает далавери или да крадет да не секираш. Прво ќе ја поскапиш струјата, бензинот, телефонот, а на телевизија ќе излезиш насмеан и нож до коска  да е ќе тврдиш дека то не е поскапвење туку корекција на цената и ќе лажиш дека така ти викет од ММФ, ЕУ и НАТО.

Ако случајнио ти окупирет накоја територија, немој да си пошол без да им се најавиш, без да се извиниш з’ш мојш да ги наљутиш и бадијала све. А како завршен удар, за све да спроведиш успешно ко нас,  ќе им акниш фискализација на оние на пазар шо продавет пиперки, крастајци, а посебно на оние со компирине, з’ш целиот стопански криминал и самиот знајш дека идат од подземљето. Е за да го постигните сево ова прво ти и шефот на борците за човекови права ќе се сликате, а сликата ќе ја клајте во рамка. Така напраја и нашиве, влегоа во рамката, а и ние,  народов во Македонија, (се зезам бе ) во ФИРОМ, без да сме таму се сликавме, а борциве за човекови права нонстоп ни го интегрирет.