Си седам така, ги прерачунвам месечниве давачки, сметките и гледам на телевизија околу нас, околиу НСРМ хаос. Ми дојде со млеко Дукат да се отрујам.  Бугариве се испотепаа од демонстрации. Онај пак глупион Бојко Борисов поднесе оставка за глупост. Првиот протест за поскапа струја, ја пикна опашката в гас и го снема. Абре учи од нашиве бре како требит да си издржлив и упорен. Ги глеш нашиве….колку и да имат протести ич мува не ги газит.

Грциштава такуѓере. Се испоклаа ради рецесионите мерки. Море палење, пукање, граѓанска непослушност ова она. Србиве и тие нешто мрчат сега, Словенциве какет дека им паднал стандардот. Абре сите кукет сите. Ги гледам и ги жалам. Еееее ко викав јас трпение спасение за нас македонците….а? Виде. Ќути шо сме педери…….лапсус….. лидери во регионот. Како ам. Све е подмачкано како со рицинус.

Е сега ќе се најдат и кај нас некој блесави ќе излезат да протестирет за глупости. Еве на пример сега јас навистина не разбирам зш се протестират шо Таљат Џафери станал министер за одбрана. Апсолутно не ми е јасно. Глупости. Јас незнам кога ќе сфатите дека имат некој потези, кој навидум личат дека г`зот сме го дале под ќирија, ама вистината е за напредок на Македонија. 

Кај мене дома например таква веселба се напрај….со музики, со песна и оро, со мекици….Зш со мекици? Абе како зш. Јас децава ко ми прозбореа толку не се радвев колку шо се радвет за Таљат. Алооооооооо…..Господ златен му даде глас. Виде колку време чоекот се мачеше? Ама златен Господ и златна Св. Петка ете прозборе најпосле…..ко примаше должност за министер за одбрана.

И искрено…посоодветен амин. И за то не ми е јасно зш протести кога и генералот Горанчо Котевски го приметив ко се поздравуваа се радвеше ко мајка на пострано дете. Еееееејј како не бев на негово место. Да го видиш чоекот до тебе, во живо, да го видиш убо онај кој некогаш си го гледал преку нишан и дурбин. Абе то ти е како јас на пример да се сретнам со Орнела Мути, од нигде никаде да се видиш во живо. А? Јас разбрав, незнам колку е точно и цели фамилии од погинатите од конфликтот како и бранителите на државава со си фамилии праеле џумбузи. Се намовнале и тие. Ептем се радвеле.

И све е то во духот на подобрување на меѓу етничките односи. Да бе. И то ова е само прв чекор од низата активности. Допрва следвет многу активности за зближување на под дифолт загрозените и пред се блиските на погинатите македонци но и сите македонци со АНА, ОНА, а ако имат можност и со УЧК.

На пример….се планирет заеднички екскурзии на децата од борците на АНА и децата на оние чии татковци ги убија оние од АНА под мотото “Да видиме каде тате твој го убо тате мој“. Со то да се надминат бариерите на омразата и неподребните тензии.
Ќе се организирет квизој на тема “Конфликтот во Македонија-препознај го ликот шо го уби таткоти“. То во стилот на оние квизојне да погодвиш прашања и да ти се отворат коцка по коцка и да препознајш дали татко ти го убил Таљат Џафери или Ахмети.

Еве на пример во Охрид, поточно во Скребатно се одржават традиционална манифестација наречена “Ѓомлезијада“. Е по тој терк во Вејце, Арачиново, Слупчане, Карпалак од година, не одма годинава, ќе имат манифестација шо ќе се викат “Куршумијада“. А по школите ќе се воведат, наместо народна, ѓуздија и други општествени игри, пример….избегни го куршумот, пукни стој – здрви се – немрдни, се во цел на зближување на народот. Како ам. И нормално дека сите тие игри и манифестации ќе бидат отворени од страна на нашиот, вашиот, а пред се на македонските бранители, министер за одбрана на Република Македонија, Таљат Џафери. Господ златен да ни го поживејт и да ни ја чуват државава и да пукат по непријателите на нашата НСРМ како шо пукаше 2001 година против нашата НСРМ…тогаш на коњ сме. Никој ништо не ни мојт.

Е сега од извори блиски до планините, од оние ладните без бигор, дознав шо ќе бидит не шлаг, ами вишна на шлагот и врв на смирување на меѓуетничките односи. То ќе бидит моментот за кој и в сушност до в чера немиот Таљат е клаен за министер по одбрана. Да да. Го дознавме и то. А то е пречекот на Јохан Тарчуловски на скопскиот аеродром. Тииии како ќе се наежам ко ќе стигнит Јохан на аеродром, а Таљат ќе го пречекат. То ќе бидит бреееееее. На авионот шо ќе идат Јохан ќе имет напишано, низ цела должина “Таљате брате мој“, а долу на аеродром по пистите, по зградите, по разни плакати, на цела аеродромска зграда, на зградата на аеродром “Александар Македонски“, албанскиот министер за одбрана, ќе напишит: “Јохан дашуриа“, “Јохане ние сме велезерит“, “Таљат и Јохан  дашуруар“,  “Пер Јохан јо плумб, туку дашури“ и други љубователни пораки. Ув се наежив. И ќе одам да го видам то. Гарант. А ти ќе ојш? А владата на РМ ќе ојт да видит шо напрај? Незнам. Би требало.

ЏИМИ
[email protected]

*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.